Една од најзгодните жени на нашите мали екрани објави ЧУДНА ФОТОГРАФИЈА и веднаш стана хит на социјалните мрежи
Нашата позната и убава водителка има прекрасни фанови… и уште подобри нозе!
Познатата телевизиска водителка Ирена Спировска досега сме ја гледале во милион различни изданија како на телевизија, така и на голем број настани.
Шармантната водителка што и да облече, во преден план е нејзиното тело кое секогаш изгледа совршено, посебно кога носи атрактивни фустани кои ги истакнуваат нејзините беспрекорно згодни нозе.
Но дали ја видовте нејзината најнова фотографија?
Имено, таа ги воодушеви своите фанови на социјалните мрежи со фотографија на која позира во тесен, краток фустан, но со нозете свиткани во интересна поза.
„Најубавите нозе на телевизија“, и порачаа фановите, а дали се во право погледнете во продолжение.
Помеѓу бројните ласкави комплименти што ги доби на сметка на својот изглед се најде и една интересна забелешка која што ја насмеа и водителката. Имено, една корисничка на социјалните мрежи и напиша дека се свиткала ко ѓеврек со сланина, на што таа веднаш и возврати:
„Студено е во студио наутро во 6.30 часот“, појасни Ирена на која очигледно и се допадна овој коментар.
Во продолжение погледнете уште неколку интересни модни изданија на водителката која важи за една од најзгодните дами на нашите мали екрани.