Една од нашите најпознати фолкерки конечно откри што се случува со нејзините деца и зошто со поранешниот заврши на суд
Нејзиниот приватен живот секогаш е во центар на внимание, иако Еелена Велевска се труди да ги сокрие интимните детали само за себе.
По разводот со нејзиниот сопруг Маријан, со кој важеа за складен пар кој зрачи со љубов, се крена голема прашина, а публиката постојано шпекулира и се труди да ги дознае точните причини за разделбата.
Пејачката јавно кажа дека бракот завршил бидејќи била жртва на психичко и физичко насилство, а разделбата била единствена најдобра солуција за неа, но и за нејзините деца.
Сега е најважно тие да пораснат во здрави личности, а родителите да се потрудат да им овозможат најдобри услови за квалитетен раст и развој.
Таа во естрадниот магазин „Бекстејџ“ откри детали за приватниот живот, а нејзината изјава предизвика бура реакции.
Таа неколкупати отворено зборуваше за проблемите во бракот, а сега повторно дека не се заедно со споругот, но и дека не живее заедно со своите три деца.
„Многу е потешко сега нашето гледање со децата бидејќи тие се во Охрид, јас сум во Прилеп. Ете така се одлучи, но не е ништо завршено со нашето судење. Можеби така е најдобро за да не се прават стресови за децата, тие пораснаа во Охрид. Со мојот сопруг секогаш ја гледаме најдобрата страна за нив. Јас и тој не сме во прашање, многу подобро функционираме разведени отколку во брак. Секогаш ќе гледаме за нивно добро. Ние имаме три деца, треба да останеме во добри односи отколку да се нарушуваат односите. Има многу поважни животи, отколку мојот и неговиот“, вели Велевска за „Бекстејџ“.
Велевска сепак се огласи уште еднаш сакајќи да ги разреши дилемите и да ги прекине шпекулациите за тоа дека ѝ е одземено старателството над децата.
„Мене ми е битно да ми се здрави и живи децата, да ми растат во здрава и мирна средина, за разлика од онаа која беше во нашиот дом. Се е во нивни интерес.
„Никогаш не сум правела проблем. Се е евтино кога може да се покрие со финансии. Битно е да имаме напредок за тие деца. мене старателството не ми е одземено, Јас секогаш ќе им бидам мајка. Овој период децата се во Охрид и летниот период се со мене. Сега ќе заминеме во Турција на одмор, заедно со мојата сестра и со мојата внука. Се надевам дека ќе си поминеме незаборавно како и лани што си поминавме. Воопшто не е битно да се тепаме за нешто што е наше, барем така јас размислувам“.
„Треба да се најде една мирна солуција за тие деца, да бидат понатаму здрави личности и успешни на мама“, кажа Велевска за „Бекстејџ“.
Таа важи за посветена мајка и секое слободно време се труди да го помине токму со децата.
Софија, Калија и Марко се нејзините три среќи, мотивот за живот и напредок.
Тие се нејзината најголема инспирација да работи се понапорно и да ги прави горди, како што е таа горда на нив.
Таа е јавна личност и околу неа секогаш ќе кружат разни трачеви, негативни коментари, критики, но популарната пејачка вели дека нема проблем со тоа и дека веќе научила како да се носи со тој товар.
„Не сакам да гледам и да слушам што се случува после моите интервјуа, бидејќи секогаш има огромна бука. За да се заштитам себеси непотребно ми е да се фокусирам на она што се пишува, бидејќи секогаш се пишувало и добро и лошо. Јас сум јавна личност и сум се помирила со тоа да се носам и кога ме понижуваат и кога се гордеат со мене. Сите оние кои што плукаат сфатив дека први доаѓаат да се сликаат со мене и да се најгорди на мене“, кажа таа.