Една од нашите најпознати пејачки испрати моќна порака на СОЦИЈАЛНИТЕ мрежи – ова никого не остави рамнодушен
Македонската пејачка испрати моќна порака на Фејсбук со која ја тpoгна публиката.
Блага Петреска не е многу активна социјалните мрежи, но понекогаш знае да сподели по некоја објава посветена на нејзините најблиски.
Долги години е на македонската музичка сцена и со својата насмевка и ведар дух успева да го развесели и најтажниот.
Нејзините музика и глас се мелем за ушите.
Во време кога турбофолкот и кичот царуваат, народот се повеќе се враќа на оние традиционални македонски песни, кои ги будат и најдлабоките емоции кај секој од нас.
Без големите хитови на Блага Петреска не може да помине ниту една семејна веселба и прослава.
На сцена е разиграна и енергична, затоа што максимално е посветена на својата работа и е голем професионалец. Но, исто така и ужива во тоа што го работи.
„Сите имаме некоја мисија на земјава. Пред некој ден ми кажа еден минувач дека Господ ќе биде задоволен со твојата мисија затоа што секогаш си ведра и на пазар и дома и каде и да те сретнеме. Секогаш сакаш да расположиш. Јас заборавам дека има падемија. Секогаш ме опоменуваат да ја ставам маската. Јас сум си во свој свет“, раскажа македонската фолк дива.
Иако имала неколку животни предизвици и падови, таа секогаш останала со ведар дух.
Уште додека била млада по-чинaл нејзиниот сопруг и таа преку ноќ останала самохрана мајка на две малолетни деца.
Олег и Оља се плодот на нивната голема љубов.
Денес пејачката се труди колку што може да се појавува на малите екрани, но тоа е се поретко.
Живее нормален, спокоен живот во Скопје и ужива со внуците.
Блага живее стан до стан со својот син и неговото семејство, па има можност секојдневно да биде со нив.
Таа е голем верник и секогаш истакнува дека се му остава на Господ, да биде онака како што тој ќе рече.
Деновиве таа повторно напиша статус со кој мотивираше многумина.
„Надежжта на праведните е полна со радост,,изреки10.28 Зошто се измачуваш себеси во мислите,зошто се мачиш себеси и дење и ноќе? Предај му ја грижата на Онај кој те создал. Мое срце,чувствувај се добро,пеј и скокај имај храброст.Твојот Бог кој е почеток на СЕ ,Тој е твое добро“, напиша Блага на Фејсбук.
Фото: Фејсбук / Блага Петреска
Фото: Фејсбук / Блага Петреска
Фото: Фејсбук / Блага Петреска
Фото: Фејсбук / Блага Петреска
Фото: Фејсбук / Блага Петреска
Фото: Фејсбук / Блага Петреска
Фото: Фејсбук / Блага Петреска
Фото: Фејсбук / Блага Петреска
Фото: Фејсбук / Блага Петреска
Фото: Фејсбук / Блага Петреска
Фото: Фејсбук / Блага Петреска
Фото: Фејсбук / Блага Петреска
Фото: Фејсбук / Блага Петреска