Една од нашите најпознати манекенки и во петтата деценија плени со својата природна убавина
Светлана Црнокрак објави фотографија на социјалните мрежи на која изгледа подобро од кога било досега.
Поранешната манекенка ги освои сите со една од своите последни фотографии што ги објави на социјалните мрежи. Таа веќе со години плени со својата природна убавина, неодоливиот шарм и харизмата со која што зрачи каде и да се појави, а на изгледот дефинитивно можат да и завидуваат и многу помлади девојки од неа.
Можеме да видиме дека Светлана и на почетокот од петтата деценија од животот изгледа неверојатно, а и кога е во улога на модел се снаоѓа како и во најдобрите години. Од фотографиите можеме да видиме дека таа дефинитивно може да стои рамо до рамо со нејзините двојно помлади колешки.
Таа на социјалните мрежи објави фотографија на која се гледа нејзиното преубаво лице и ги воодушеви фановите кои ја почестија со бројни комплименти.
Инаку Светлана заедно со својот сопруг Мики Црнокрак се сопственици на модното студио „Црнокрак“. Тие важат за една од најстабилните брачни двојки меѓу познатите во Македонија, а на јавни настани не ретко можеме да ги видиме заедно, често и со нивните деца Моника и Нина.
Благодарение на нив многу девојки станаа успешни манекенки и досега имаат организирано голем број модни настани.
Но и покрај тоа веќе со децении се дел од македонскиот шоу-бизнис, Светлана и Мики својот приватен живот го чуваат далеку од очите на јавноста.
Единствено што можеме да кажеме со сигурност е дека и двајцата изгледаат одлично и дека многумина му се љубоморни на Мики што има ваква убавица покрај себе.