Една ноќ на овој имот чини 16.000 долари: Ѕирнете во магичната вила во Малибу каде ќе престојуваат Меган и Хари
Принцот Хари и Меган Маркл, судејќи според пишувањето на странските медиуми, после Мегзит доаѓаат во јужна Калифорнија, каде ќе престојуваат во луксузна вила.
Имено, парот одСасекс официјално отстапуваат од кралските должности на 31 март, каде патуваатна имотот Петра, кое ќе го изнамуваат по неверојатна цена од 15.000 долари по ноќ.
Се пишува низ медиумите дека двојката сака да се стационира засега во Калифорнија, а на новиот имот ќе имаат шанса да искусат како би изгледал ваквиот живот. Имено, на овој имот има 8 спални, 10 бањи, надворешен базен, простор за скара, домашно кино, студио за танц…
Како што вели извор, во прашање е куќа која се издава на краток временски период, а бидејќи куќите во Малибу се многу скапи, нема смисла веднаш да се купуваат недвижности, туку луѓето треба извесно да поминат во изнајмени куќи.
Хари и Меган до неодамна престојуваа во Канада, а извори јавуваат дека би сакале да имаат свој дом во Калифорнија, каде ќе бидат поблиску до мајката на Меган, Дорија Рагланд , а ќе имаат пристап и до Силиконската долина и Холивуд.