Една мама откри трик како секогаш да имате идеја што да зготвите за ручек
Сигурно сте биле барем еднаш без идеја што треба да зготвите за ручек. Една мајка од Австралија одлучи да се справи со овој гоооолем проблем и најде начин како секогаш да знае што да се подготви.
Во една група на Фејсбук, таа напиша дека имала проблем мислејќи што да направи во текот на неделата за јадење па така своите омилени јадења ги напишала на дрвени стапчиња.
„Ги ставив во чаша па така им дозолувам на децата некогаш кога сум без идеја да излечат едно стапче и тоа да го подготвиме за ручек “, пишува таа.
„Генерално, имам околу 40 јадења, од хамбургери, до пилешко, супа, лазањи… Сега сакам да запишам уште 40 јадења – идеи од другата страна на веќе напишаните стапчиња за да имаме по две опции.“ вели оваа мама.
„Целта е да напишете сосема поинакво јадење на другата страна, за да не мораме да јадеме супа ако надворе е многу топло “, додаде таа.
Таа доби позитивни критики за нејзината идеја.