Реклама
Вирално

Една земја најде начин како да привлече повеќе туристи: Ако некој се зарази од корона тука добива 3.000 долари

Реклама

Узбекистан, земја во која живеат повеќе од 33 милиони луѓе, одлучи на необичен начин да ги увери турситите дека во оваа земја се безбедни од коронавирус. Имено, тамошните власти одлучија на секој турист кој тука ќе се зарази од коронавирус да му платат по 3.000 долари.

 

Маркетинг

Овој декрет кон крајот на јуни го потпиша узбекистанскиот претседател, а ако се прашувате од каде идејата за 3.000 долари – на толку се проценуваат медицинските трошоци за лекување на коронавирусот во Узбекистан.

Амбасадорката на узбекистанскиот туризам во Велика Британија, Софи Иботсон, вели дека владата е толку сигурна во преземените мерки, и дека не им е проблем да им платат на туристите кои евентуално ќе се заразат.

Маркетинг

Но, постојат неколку услови…

Да може заразениот турист да добие пари, услов е земјата да ја разгледува со локален туристички водич. А водичите, сместувањето за туристи и туристичките атракции ќе мора да имаат сертификат дека се придружуваат до сите препорачани хигиенски мерки.

Инаку, Узбекистан пред короната е прогласена за четврта најбрзо растечка туристичка дестинација, па на овој начин сакаат да го одржат интересoт на туристите.

Излега дека оваа необична идеја вроди со плод, зошто туристите побрзаа да ја посетат земјата, а меѓу најбројните се инфуенсерите кои во денешно време се многу важни за масовно да се покрене тренд.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button