Реклама
Наши ѕвездиСтил

Една година по разводот Анета повторно заблеска во бело – пејачката во фустан што е сон на многу девојки

Има ли некоја скриена симболика во ова издание на нашата позната пејачка?!

Реклама

Модниот вкус и стил на популарната пејачка во последно време се почесто им го привлекува вниманието на многумина

Познатата пејачка Анета Љумаковска заблеска во краток, бел фустан и со оваа боја на сите им даде до знаење дека трауматичниот период што го имаше во изминативе неколку месеци го остава зад неа.

Имено, пред нешто повеќе од една година како бомба одекна веста дека пејачката се разведува од својот сопруг Џими Мицевски.

Маркетинг

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Тие повеќе од две децении беа во брак, а по разделбата тие уште некое време настапуваа заедно со групата Молика.

Маркетинг

Покрај разводот секој од нив тргна по свој пат, а Анета имаше тежок период и неодамна кога остана без својот татко.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Пејачката беше многу поврзана со него, така што оваа загуба тешко ја поднесе иако не дозволуваше тоа да се забележува на неа.

Впрочем тоа може да го видиме и од ова нејзино издание кога пејачката заблеска во својот во фустан во боја која симболизира невиност, чистина, симбол на соединувањето на божественото и морална чистота.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Токму затоа и белата боја е сон на секоја млада девојка, а воедно укажува и на нови почетоци и можности.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Пејачката во слично издание се појави и неодамна кога со својот колега Дарко Филиповиќ направија веселба за паметење.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

И тогаш на нејзиното лице можевме да забележиме младешки елан, а нејзината насмевка покажа дека проблемите се далеку зад неа.

Инстаграм/ Дарко Филиповиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button