Едната ја знаете сите, а другата ретко ја гледаме – ова се наследничките на покојниот Гоце Арнаудов
Крвта не е вода, а ова само уште еден доказ за тоа
Еден од најпознатите македонски фолк-пејачи, Гоце Арнаудов, зад себе остави две ќерки, Кристина и Харита, и синот Оскар.
Легендарниот пејач почина на 6 декември 2011 година во болница во Франција каде што се лекуваше од рак, а неговите наследнички на овој датум секогаш објавуваат емотивни пораки за нивниот татко.
И додека Кристина Арнаудова која тргна по стапките на својот татко и е добро позната на нашата јавност, втората ќерка на Гоце, Харита, многу поретко можеме да ја видиме во медиумите.
Фото: Инстаграм/ Кристина Арнаудова
Токму затоа и многумина беа изненадени кога Кристина објави заедничка фотографија на социјалните мрежи.
Фото: Инстаграм/ Кристина Арнаудова
Имено, Кристина неодамна беше во посета на Охрид каде Харита живее со својот сопруг и нивните две ќерки, Каја и Дора.
Таа на својот Фејсбук покрај фотографии од својот живот, понекогаш знае да објави и по некоја емотивна објава поврзана со нејзиниот татко, а познато е и дека едната внука на Гоца оваа година стана прваче, па гордата мама тогаш ги израдува сите.
Фото: Инстаграм/ Харита Арнаудова
Имено, таа објави фотографија со првачето, а Гоце да беше жив најмногу ќе се радуваше на оваа убава вест.
Фото: Инстаграм/ Кристина Арнаудова
Инаку, Кристина е вонбрачна ќерка на легендарниот пејач кој зад себе остави бројни песни кои и ден-денешен се големи хитови.
Фото: Инстаграм/ Кристина Арнаудова
Денес сестрите Кристина и Харита се во одлиен однос, што може да се види и од фотографијата, како и тоа дека личат на нивниот татко. Тие имаат и брат, Оскар, кој никогаш не се експонира во медиумите.
Фото: Инстаграм/ Кристина Арнаудова
Кристина често објавува фотографии на социјалните мрежи, а неодамна покажа и како ужива со најблиските на Крит.
Фото: Инстаграм/ Кристина Арнаудова
Некои и од овие фотографии на наследничката на легендарниот македонски пејач погледнете во продолжение…