Единствените фотографии на кои Марина носи бикини – поранешната водителка ужива со саканиот Алачки
На социјалните мрежи можеме да видиме многу фотографии од нејзините патувања и другарувања со пријателите, но ретки се оние кои откриваат „премногу“...
Поранешната водителка Марина Дојчиновска веќе долги години важи за една од најубавите и најзгодните познати Македонки.
Таа беше водителка на емисијата „Македониум“ која долго време беше една од најгледаните ТВ емисии и каде најчесто ја гледавме во елегантни и женствени изданија во кои секогаш блескаше.
Но Марина која веќе неколку години успешно плови во деловните води, е поприлично активна и на социјалните мрежи, каде често знае да ги изненади своите фанови со интересни фотографии.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Сепак, покрај бројните фотографии што ги објавува, досега речиси никогаш сме немале прилика да ја видиме во костим за капење.
Освен еднаш, кога водителката објави неколку фотографии од летување на кое беше заедно со нејзиниот партнер Горан Алачки.
Имено, Марина пред неколку години објави фотографија на која позира заедно со својот сакан, облечена во дводелен костим за капење.
Ова е една од ретките пригоди кога јавноста имала прилика да ја види во едно вакво издание, во кое блескаше.
Моделот што го носи и стои совршено, а Марина објави уште една фотка со која уште повеќе ги израдува своите пријатели.
Фото: Фејсбук/ Марина Дојчиновска
Имено, таа покажа како го бакнува својот сакан, со мокра коса и очила за сонце, а хармоникашот блеска од среќа и задоволство .
Фото: Фејсбук/ Марина Дојчиновска
Фотографиите се од 2018 година, а како Марина изгледа сега и зошто се уште е една од нашите најубави дами, погледнете во продолжение: