Единствениот Македонец што победи во „Ѕвездите на Гранд“ жените го ОБОЖАВААТ – изгледа фатално во ова издание (фото)
Ристе Ристески кој својата кариера ја започна во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ денес им е миленик на многу дами.
Ристе под своите фотографии и снимки што ги објавува на социјалните мрежи постојано добива комплименти од претставничките на понежниот пол, кои посебно се воодушевени кога пејачот позира во разголено издание, со неговото мускулесто торзо во преден план.
Шармантниот пејач токму една таква фотографија објави минатиот 8 -ми март кога ги воодушеви своите верни обожавателки, па сега многу од нив се нестрпливи и посакуваат повторно да го видат во едно вакво издание.
Од неговите фотографии на Инстаграм може да се види дека е во топ форма и дека секој детаљ е на свое место.
Потсетуваме, Ристе ги освои срцата на претставничките на понежниот пол кога во 2017 година победи во шоуто „Ѕвездите на Гранд“.
Тој тогаш победи според гласовите на публиката, додека првото место од страна на жирито го освои Алекса Перовиќ.
По победата во популарното музичко шоу Ристе стана нивен ексклузивец, но тој не ги полнеше медиумите со скандали и трачеви, туку довербата кај публиката ја стекна со својот талент и песните што ги снимаше, а беше и остана миленик на многу девојки од регионот.
Како тој изгледаше некогаш, но и како изгледа сега, погледнете во продолжение…
Фото: Инстаграм/ Ристе Ристески
Фото: Инстаграм/ Ристе Ристески
Фото: Инстаграм/ Ристе Ристески
Фото: Инстаграм/ Ристе Ристески
Фото: Инстаграм/ Ристе Ристески
Фото: Инстаграм/ Ристе Ристески
Фото: Инстаграм/ Ристе Ристески
Фото: Инстаграм/ Ристе Ристески
Фото: Инстаграм/ Ристе Ристески