Реклама
ВиралноПатувања

Единствена шанса да ги видите убавините на Италија – ќе ви платат дел од трошоците, само треба да ги спакувате куферите!

Реклама

Сè повеќе земји се подготвуваат да ги ублажат своите мерки заради подобрената состојба со вирусот корона. Но, еден од најголемите предизвици на многу земји останува дилемата како да ја спасат туристичката сезона, особено за оние држави чии економии зависат од туризмот.

Една таквите земји е и Италија, која веќе подготвува сет мерки за спасување на туризмот.

Маркетинг

Така, Сицилија ќе плати половина од летовите за туристите кои доаѓаат во нивниот регион, третина од сметките за хотелите и ќе обезбедат бесплатни билети за музеите.

Италија има подготвен буџет од 50 милиони евра за да го спаси туристичкиот сектор, при што првичните проценки велат дека земјата изгубила околу милијарда евра во овој сектор, и тоа само во март и април.

Маркетинг

Првите мерки за ублажување во Италија, земја која некое време беше жариште на вирусот, започнуваат на 4 мај, но како и во остатокот од светот, тоа ќе се прави во посебни услови и со строги мерки за социјална дистанца.

Италија се приближува до бројот на 200.000 случаи заразени од вирусот корона, а пријавени се и преку 26.000 случаи кои го изгубиле животот.

Зошто Италијанците се најпогодени од вирусот?

Тешката епидемиолошка ситуација во Италија може да биде поврзана со ослабениот имунитет на локалното население поради претераната употреба на антибиотици, тврди познатиот руски генетичар Поспелов.

Според него, Италијанците пречесто пијат антибиотици, не само во текот на лекувањето на бактериските инфекции, туку и за акутните респираторни вирусни инфекции.

„Популацијата всушност пиела зголемена доза на антибиотици, што негативно влијае на стабилноста на имунолошкиот систем“, рече Поспелов.

Тој додаде дека антибиотиците негативно влијаат на цревната микрофлора, каде се концентрирани до 70 отсто од имуномодулаторните ќелии.

И Иван Козлов, потпретседател на Руското научно друштво на имунолози вели дека со прекумерното земање антибиотици, „дури и оние најбаналните“, имунулошкиот систем кај пациентите практично се исклучува.

„Како резултат на тоа, ослабениот имунитет создава услови за инвазија на патогени миркроорганизми“, рече Козлов.

„Како што пациентот преминува во постара возраст од животот, се намалува неговата способност за реакција на новите патогени кои ни доаѓаат. После 70 години не се препорачува драстично менување на климата, климатските зони, воопшто позадината на антигените“, вели тој.

Според неговите зборови, големиот број жртви и заразени во Италија поради него е „скриена потврда“ за слабиот имунитет на жителите на Апенините. Козлов објаснува дека со годините телото го намалува бројот на „неодлучни ќелии“ од имунолошкиот систем кои можат да развијат антитела на новите вируси.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button