Наши ѕвезди

ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНКА МЕЃУ НАТПРЕВАРУВАЧИТЕ: Барбара Поповиќ растури во „IDJ SHOW“ (ВИДЕО)

Димотров ја нарече ГОРДОСТ НА МАКЕДОНИЈА!

Advertisement

Прекрасната 22-годишна девојка Барбара Попвиќ од Скопје е единствената Македонка во новата сезона на популарното  музичко шоу „IDJ SHOW“.

Убавата Барбара се претстави со песната „Хајде онда ништа“ на Тијана Богиќевиќ и ја испеа како да е со години на сцената.

Advertisement

И покрај тоа што е многу млада  музиката не е ништо непознато за неа. Таа е музички образована со многу нaстапи зад себе. Оваа атрактивна девојка има веќе и авторски песни.

Да се потсетиме на нејзиниот настап на „Макфест“ во 2018 година.

Advertisement

А ако се навратиме уште подалеку  во минатото , Барбара е е една од претставничките на  Македонија на Детскиот Евросонг во 2013 година, како мало преслатко девојче.

Впрочем, оваа девојка не случајно одбра да пее песна за Охрид бидејќи има потекло од таму.

Денес оваа убавица ја освојува регионалната сцена.

Таа е фантастична и пее одлично, веќе е миленичка за многумина. Ние од овде ни преостанува да ја бодриме и да навиваме за неа.

Сигурни сме дека Барбара ќе ја има  максималната поддршка од Дарко Димитров кој е дел од жирито. Па така, откако таа ја испеа песната со една моќна и сигурна изведба, Димотров ја нарече ГОРДОСТ НА МАКЕДОНИЈА!

Погледнете го настапот на аншата Барбара  во видеото од минута 2:22:20

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button