Реклама
Наши ѕвезди

Еден од најпосакуваните министри во македонската влада ја запроси својата сакана – еве како изгледа жената што му го украде срцето!

Реклама

Прекрасна вест пристигна од Министерот за транспорт и врски, а честитките не престануваат да се нижат.

Благој Бочварски е роден на 9 јануари 1985 година во Штип и е меѓу најмладите политичари во моментов во земјава. Основното и средното образование го завршил во родниот град, а дипломирал на Архитектонскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Маркетинг

Професионалната кариера ја започнал во 2011 година во градежната компанија „Пелагонија-Инженеринг“ – Штип како дипломиран инженер архитект. Во почетокот бил ангажиран како стручен соработник, а потоа добил овластувања за проектирање и изведба на објекти од Комората на овластени инженери и архитекти.

Фото: Инстаграм / Благој Бочварски

На парламентарните избори во 2016 година е избран за пратеник во Собранието.

Маркетинг

Пратеничката функција ја извршува до локалните избори во 2017 година.

Од 3 ноември 2017 година стапил на функцијата градоначалник на Општина Штип.

Фото: Инстаграм / Благој Бочварски

Потоа како градоначалник е избран за член на Управниот одбор на ЗЕЛС.

По парламентарните избори во 2020 година од 30 август ја извршува функцијата министер за транспорт и врски во вториот мандат на Владата предводена од премиерот Зоран Заев.

Доста е активен на социјалните мрежи, но сите негови објави се поврзани со неговата професија.

Фото: Инстаграм / Благој Бочварски

Тој е еден од најпосакуваните македонски ергени, но за жал на жените, срцето на министерот го освои само една девојка.

Својата приватност ја крие како змија нозете и многу малку се знае за неговиот љубовен живот.

Сепак, Бочварски одлучи да сподели прекрасна вест со народот и да открие која е девојката која го освоиле.

Фото: Инстаграм / Маринела Серафимова

На министерот очигледно му здодеа ергенскиот живот и се одлучи да ја запроси својата 12 години помлада девојка Маринела Серафимова.

Маринела е исто така од Штип и е дипломиран доктор по општа медицина.

Фото: Инстаграм / Маринела Серафимова

Таа и Бочварски се веќе една година во врсла, а сега љубовта ќе ја крунисаат со брак.

Како што раскажа министерот за медиумите, запросувањето се случило откако се вратиле од вечера.

Фото: Инстаграм / Маринела Серафимова

Откри дека не станувало збор за никаква романтика, тој дури не ни клекнал пред неа, само моментот се случил спонтано додека разговарале.

Идната невеста не се воздржа, па на социјалните мрежи го покажа и вереничкиот прстен.

Фото: Инстаграм / Маринела Серафимова

Честитки за младите!

Фото: Инстаграм / Маринела Серафимова

Фото: Инстаграм / Благој Бочварски

Фото: Инстаграм / Маринела Серафимова

Фото: Инстаграм / Благој Бочварски

Фото: Инстаграм / Маринела Серафимова

Фото: Инстаграм / Благој Бочварски

Фото: Инстаграм / Маринела Серафимова

Фото: Инстаграм / Благој Бочварски

Фото: Инстаграм / Маринела Серафимова

Фото: Инстаграм / Благој Бочварски

Фото: Инстаграм / Благој Бочварски

Фото: Инстаграм / Благој Бочварски

Фото: Инстаграм / Благој Бочварски

Фото: Инстаграм / Благој Бочварски

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button