Еден месец без тебе среќо наша: Сестрата на починатиот македонски пејач објави тажна порака на Фејсбук
Помина месец дена од смртта на Далибор – пораката што ја објави неговата сестра ги растажи сите
Помина месец дена од смртта на македонскиот фолк-пејач Далибор Ѓошиќ чиј живот згасна на 10 октомври 2023 година.
Далибор долги години беше истакнат солист во Националната установа за народни игри и песни ансамбл „Танец“, а животот го загуби на 41-годишна возраст, по кратко и тешко боледување.
Неговата ненадејна смрт растажи многумина, а најмногу неговото семејство кое се уште тагува по големата загуба.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Далибор зад себе остави и малолетен син за кого се надеваше дека ќе тргне по неговите стапки, а неговата сестра Ива, месец дена по неговата смрт објави фотографија со која растажи многумина.
Фото: Фејбсук/ Ива Ѓошиќ
„Еден месец без тебе среќо наша… Еден најтежок месец во нашите животи“, напиша таа под фотографија на која е со својот брат.
Потсетуваме, Далибор Ѓошиќ покрај тоа што настапуваше со ансамблот „Танец“ низ целата земја, но и во странство, важеше и за еден од најталентираните македонски фолк-пејачи.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Тој во НУ „Танец“ работеше како солист од 2007 година, а неговите колеги се уште не можат да веруваат дека ги напушти.
Фото: Фејбсук/ Ива Ѓошиќ
Ќе остане запаметен по неговите песни „Животе мој“, „Плачи, плачи“, „За љубов створени“, „Око мое бисерно“, а ќе останат незаборавни и неговите изведби на познатите македонски народни песни „Дејгиди, луди, млади години“, „Учи ме мајко, карај ме“, „Кирјана вино продава“, „Јовано, Јованке“ и многу други кои овој извонреден пејач ги изведуваше на маестрален начин.