Еден ден ќе те нема, затоа, додека уште си тука, обиди се да живееш најубаво што можеш
Зошто секоја позитивна приказна сакаме да ја направимe песимисичка? Дали е тоа страв од пораз. Зошто сакаме да слушаме негативни работи?
Животот е убав, ако знаеш како се живее. За се има решение. И оздравуваш. И победуваш. И заработуваш и преболуваш. И преживуваш, но само кога сакаш да живееш. Само тогаш кога не им дозволуваш на другите да го убиваат твојот дух.
Зборувањето за туѓите несреќи нема да те подготви за ниту една несреќа која би можела да ти се случи. Стравот од несреќата нема те подготви за несреќата, ако некогаш доживееш несреќа. Но, затоа ќе прескокнеш еден тон среќа и насмевки, фокусирајќи се на она што те плаши.
Стравот од смртта е еден од најнеоправданите стравови, затоа што не постои ризик од несреќа за некој што е мртов.Стравот е најголемиот блокатор во телото кој работи против нашиот напредок. Би биле поштедени од многу тажни моменти и несреќи ако храбро му се спротивставиме. Исто така, треба да заземеме активна улога во креирањето на својот живот и обликувањето на своето опкружување.
Во животот се плашиме да разговараме за вистината со себе.Такво чувство ни се појавува во последните претсмртни минути од животот.
Тогаш сфаќаме дека ние, всушност, и не сме вложувале во највредното што природата ни го дала. Тогаш откриваме што е најскапоцено во универзумот – ние самите.
Еден ден навистина ќе умреш. И не знаеш кога ќе биде тоа. И додека си тука, обиди се да живееш најубаво што можеш.