Реклама
MAMAДом и семејство

Еден ден многу ќе ви недостигаат …

Реклама

Еден ден, кога ќе отидете во тоалетот, ќе се слушнете само тишина, наместо малите раце кои се обидуваат да ја отворат вратата или викаат од петни жили за да излезете, а вие брзајќи да не се случи нешто заборавате и раце да измиете.

Angie Sidles / Shutterstock.com

Еден ден ќе ви фалат сите обврски, за кои денес сметате дека не може да ги постигнете. Зошто, еден ден, ќе има доволно време за секого. Еден ден.

И кога некој ви кажува да уживате сега додека се мали, помислите на себе “како да е лесно”. Не е лесно. Но, обидете се да си повторите дека сите ќе ви недостасуваат еден ден.

Маркетинг

Ова е нешто што го кажувам од ден на ден кога сум на работ на трпеливост. Тоа е мантра која ме вози бидејќи, без разлика како звучи, тоа е вистина.

Ќе ви недостига фактот дека сте му потребни постојано на некого. Ќе ви недостига да чуете “мамо ” 425 пати на ден бидејќи сте им потребни за секоја ситница.

Маркетинг

Еден ден нема да има никој за кого ќе треба да планирате забава за време на одморот и да ги преместите своите должности на работа за да го организирате вашиот престој. Бидејќи еден ден ќе го живеат својот живот, ќе имаат свои планови, пријатели, работни места.

И тој живот, за кој сега мислите дека не можете даго почекате – бидејќи имате малку време со вашиот сопружник, или само малку време за себе – тој живот ќе дојде. И нема да има повеќе нервози за калта на подот,флеките на гарнитурата, играчки на подот…. Сè ќе биде наместено и испрано.

Masson / Shutterstock.com

Еден ден, ќе ви фали времето кога сте ги носеле во градинка и училиште кога правеле ужасни фаци и превртувале очи кога имало нешто здраво за вечера..

Ќе ви недостасуваат куп играчки од кои не можете да поминувате низ вашиот дом, ќе ви недостасуваат бескрајните спремања за да излезете од домот, растечниот нос кој сами не можат да го избришат….

Ќе недостасуваат бескрајни прашања, бидејќи – верувајте или не – постои еден, многу краток период во нивниот живот, кога тие веруваат дека знаете сè.

Иако во некои моменти родителството ви се чини дека е претешко еден ден сите овие работи ќе ви недостигаат.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button