Егзотична сцена со Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ од спалната соба – фотографија што направи хаос и за која се уште се зборува!
Оваа е една од оние ретки фотографии на кои Јелена Карлеуша е со својот сопруг, а која и ден-денес подига прашина.
Во прашање е фотографија со датум од пред нешто помалку од шест години, а како што пишува „Стори.рс“, таа и ден денес е популарна на социјалните мрежи. Имено, ова е една од ретките фотографии што ја открива интимата на познатиот пар која сакаат да ја ѕирнат многу нивни обожаватели .
Кога Карлеуша прв пат го објави ова свое „ремек-дело“, фотографијата предизвика вистинска бура на социјалните мрежи, а повод за објавување на истата беше нивната десетгодишнина од врската, и тоа на луксузна дестинација која важи за една од омилените на познатата пејачка.
Во прашање е Дубаи каде Тошиќ и Карлеуша беа сместени во еден од најлуксузните хотели.
Тие позираат во опуштено издание, прославувајќи го важниот датум и скокоткајќи ја фантазијата на фановите.
И можеби тајната на нивната врска која и покрај толку бродоломи успева да исплива на површината и да се одржи во живот се крие токму во оваа фотографија, која покажува дека парот не дозволува страста помеѓу нив да биде изгасната, без разлика на препреките низ кои што минуваат.
Љубовта на крајот секогаш победува, а круна на таквата љубов на Карлеуша и Тошиќ се нивните две прекрасни ќерки, Атина и Ника.
Познатиот пар иако во последно време не објавува заеднички фотографии, нивните фанови се надеваат дека наскоро повторно ќе ги видат во некое вакво издание.
Голема страст од првиот ден
Почетокот на љубовната приказна на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ досега е раскажана милион пати – Душко ги оствари своите детски соништа кога прв пат ја бакнал жената која како тинејџер ја имал на постер на својот ѕид.
https://www.instagram.com/p/CMsXXTPh-QT/
Тој никогаш не криел дека е луд по неа, а за тоа сведочат и деталите од нивната прва средба, кога ја бакнал во раката.
https://www.instagram.com/p/B_ubdgDBH_r/
„Веднаш во очите му видов колку е вљубен во мене, и тоа ме воодушеви. Мислам дека ретко која жена би одолеала на комплиментите и нежноста што може тој да ја пружи“, изјави своевремено Јелена за својот сопруг.
https://www.instagram.com/p/B6it0sCByMa/
Само да потсетиме, бракот на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ повеќе од месец дена е главна тема во медиумите.
https://www.instagram.com/p/B5sGkJbheGM/
https://www.instagram.com/p/CFCCOJjBBlp/
https://www.instagram.com/p/B0JT3FkBHLq/
Но и покрај фактот дека за нивниот однос не се огласуваат, Јелена неодамна со една објава откри дека сепак успеале да пронајдат заеднички јазик.
Имено, таа за Денот на вљубените се пофали со специјалниот подарок што го доби од сопругот кога целиот дом и беше полн со црвени ружи. Таа тогаш, со широка насмевка на лицето позираше меѓу цвеќиња, а многумина во овој подарок и сами го препознаа џентлменскиот гест на Тошиќ.
„Таа е вистинска лавица, но во моите прегратки е маче што преде“, изјави Тошиќ во една пригода за Карлеуша.
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша