Реклама
Вирално

Еве што ќе се случува со Македонците што ќе одбијат вакцина во оваа ЕВРОПСКА ЗЕМЈА – нови шокантни мерки за граѓаните!

Реклама

Поразговаравме со една наша сограѓанка која веќе неколку години живее во главниот град на Австрија.

Фото: Аустриан ерлајнс, Фејсбук

Благица Р. до пред некое време не беше вaкциниpaна, па мораше постојано да се тестира за да оди на работа. Но откако австриските власти ги заострија мерките, таа реши да се вaкциниpа, како и многу други, па како што вели во последните денови е невидена гужва за вaкцинaција.

„Повеќе од очигледно е дека животот за невакцинираните ќе стане неподнослив во оваа земја. Оние нашинци што не сакаат да се вакцинираат, можеби подобро ќе биде да се вратат во својата земја, па по некое време, кога ситуацијата ќе се смири, да пробаат да се вратат. Но прашање е дали ќе можат. Јас се вакцинирав претходната недела, така што се уште морам да одам на работа со ПЦР тест.

Маркетинг

Тоа значи дека речиси секојдневно правам тестови, а во последно време се повеќе се чувствува и притисок од вакцинипаните кон оние што не се вакцинипани.

Фото: Пиксабеј, Стефан Хосел

Исто така и сопствениците на фирмите почнуваат од своите вработени да бараат да се вакцинирани, па така сега, за оние што бараат работа, покрај тоа што најпрво те прашуваат дали знаете јазик, бараат и потврда дека сте вакциниpани. И кај мене на работа најавија дека наскоро само вакциниpани ќе доаѓаат на работа, а секаде се препорачува оние што можат да работат од дома воопшто да не доаѓаат на работа додека не се подобри ситуацијата. Исто така не верувам дека во следните неколку години ќе можете да патувате некаде без ковид-потврда, кои се задолжителни и сега.

Фото: Пиксабеј

Тоа можеби ќе остане така засекогаш, што не би ме изненадило. Она што за сега со сигурност се знае е дека тука, во Австрија, оние што нема да сакаат да се вакциниpаат повеќе нема да можат нормално да живеат.

Маркетинг

На почетокот одиме сите во карантин, но по некое време, откако новиот бран малку ќе стивне, мерките ќе попуштат, но најверојатно само за вакциниpаните.

Фото: Унспласх

Оние што ќе одбијат да се вакцинипаат ќе се соочат и со cтрашни казни, посебно по 1 февруари кога владата реши да воведе задолжителна вакцинација. Граѓаните веќе добиваат термини за закажана вакцинација, а во нацрт законот предвидено е оние што нема да ја испочитуваат обврската, ќе бидат казнети со 3600 евра за одбивање на првите две дози, како и со 1600 евра за третата.

Е сега се уште не е познат дали оние што ќе ја платат казната и во иднина повторно ќе добиваат покана за вакцинација и што ќе се случува со нив.

Исто така, откако моравме да почнеме речиси секојдневно со ПЦР тестови, почнаа да доцнат со резултатите, најверојатно заради преголемиот број на тестирања, па кога истиот ќе го добиеме, веќе половина време е поминато, така што наместо 48 часа, истите ни важи најмногу 24.

Што се однесува до тестовите, тие тука се бесплатни. Можете да го направите на многу пунктови кои што ги има насекаде, и за разлика од Македонија, истите ги прави државата, и досега немам платено ниту еден тест.

Фото: Унспласх

Но претпоставувам дека и ова ќе се промени, по 1 февруари, откако вакцинацијата ќе стане задолжителна.

Тестирањето веќе е задолжително и во училиштата, па така учениците по три пати неделно се тестираат.

Нашата соговорничка се осврна и на протестите на антивакцерите и оние што се против новите мерки, но како што вели по секој протест, на кој имаше голем број луѓе, владата како намерно да воведува уште поригорозни мерки, така што луѓето не знаат што може следно да се случи. Истовремено расте и нетрпеливоста помеѓу оние што се за вакцина и оние кои се против, па многумина се плашат дека ситуацијата во иднина би можела да ескалира.

Фото: Унспласх

„Во врска со локдаунот, мора да споменам дека не е толку строг како првиот пат. Малку е поопуштено, и искрено се надевам дека нема да трае многу време како првиот пат. Затворени се многу продавници и трговски центри, но и пред новите мерки во одредени делови на Австрија, па и во Виена, важеше„ 2Г“ правилото – според кое во кафулињата, рестораните, спортските сали или кај фризери пристап имаат само вакциниpани или оние што го прележале вирусот.

Контролата ја врши полицијата, на влезовите нема портири и вработени кои бараат ковид сертификати, но затоа полицијата редовно контролира, а од контролата не се поштедени ни туристите, ни вели соговорничката.

Но ова беше пред новото затворање, а како ќе биде по 1 февруари, останува да видиме“, вели Благица.

Фото: К Во, БоредПанда

Бонус галерија

Живот на село во Австрија

Како дете, една од нејзините омилени книги и беше Хајди, па замислите го нејзиното изненадување кога прв пат ќе се најде во Австрија. Таа ќе се вљуби во оваа земја, а како сега изгледа нејзиниот живот, погледнете во продолжение.

Фото: К Во, БоредПанда

Фото: К Во, БоредПанда

Фото: К Во, БоредПанда

Фото: К Во, БоредПанда

Фото: К Во, БоредПанда

Фото: К Во, БоредПанда

Фото: К Во, БоредПанда

Фото: К Во, БоредПанда

Фото: К Во, БоредПанда

Фото: К Во, БоредПанда

Фото: К Во, БоредПанда

Фото: К Во, БоредПанда

Фото: К Во, БоредПанда

Поврзано

Back to top button