Еве што сé подготви бремената снаа на Цеца за Свети Никола – гостите се воодушевија
Фолк-пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ ја прослави својата слава Свети Никола во семејниот дом.
Пејачката славата му ја предаде на својот син Вељко, кој пред неколку недели се ожени со Богдана и продолжува традиционално да го слави празникот во кругот на семејството, пријателите и кумовите.
„Цеца е вистинска домаќинка и во нејзиниот дом се почитуваат сите празници. Оваа година нејзиниот дом е побогат за уште еден член – нејзината снаа, која заедно со нејзиниот син учествуваше во подготовките за славата. Родителите на Богдана и потесното семејство прв пат беа на слава кај Ражнатовиќ. Иако е во блажена состојба, на Богдана не и беше тешко ништо да направи, па заедно со свекрвата и баба Мира учествувал во спремањето на масата за гостите.“ вели извор за Курир.рс и додаде дека на масата имаше се и сешто бидејќи фолк дивата не штеди кога е ваков празник во прашање.
https://www.instagram.com/p/B6QgRriJdKW/
„Моето убаво семејство. Среќна Слава! Им сакам на сите добри луѓе мир, среќа и благосостојба“ напиша Цеца.