Наши ѕвезди

Еве што се случува со пејачката по големиот скандал со нашинците од Австралија на кои им пречеше ова

Сања Барби ги запали социјалните мрежи со своето кусо фустанче и деколте од милион долари

Advertisement

Ново издание на пејачката со кое ги воодушеви дамите

Новата есенска сезона и официјално започнува, а харизматичната фолк-пејачка Сања Цинцева, попозната како Сања Барби, покажа ново модно издание кое е совршен избор за преодниот период.

Advertisement

Пејачката каде и да се појави привлекува внимание со својот изглед, а така беше и овој пат со ова нејзино с*кси издание.

Што и де облече, оваа млада дама изгледа феноменално, а со овој фустан што го носеше никого не остави рамнодушен.

Advertisement
Фото: Инстаграм/ Сања Барби

Во прашање е асиметричен модел кој потсетува на пижама, со долги ракави и светкави линии, а кој беше полн погодок за пејачката.

Фото: Инстаграм/ Сања Барби

Длабокото деколте и кусиот крој ги истакнаа во преден план овие делови од нејзиното тело, па Сања во комбинација со црвениот кармин и својата убава коса изгледаше како вистинска заводничка.

Фото: Инстаграм/ Сања Барби

Таа во рамките на своите „Инстаграм приказни“ објави фотографија и од своите нови чевли со тенки високи потпетици за кои исто така сме сигурни дека ќе им се допаднат на многу девојки.

Фото: Инстаграм/ Сања Барби

Инаку, Сања деновиве се најде во центарот на вниманието и заради нејзиниот настап во Пеленица за 8.Септември.

Фото: Инстаграм/ Сања Барби

Имено, многумина ги критикуваа нашите музичари кои настапија на прославата организирана од Општинската организација на СДСМ во Кисела Вода, а популарната фолк-пејачка беше една од нив.

Заради критиките, но и заканите што тие ги добија од поединци на социјалните мрежи, Сања реши да се огласи и преку соопштението што го објави да го образложи нејзиното мислење за целата ситуација.

Фото: Инстаграм/ Сања Барби

„Познато е дека музиката не познава граници, а не би требало да познава ниту политичка, ниту верска, ниту национална припадност. Музиката е создадена да обединува, да облагородува, да гради мостови! Музиката е јазик кој секој го разбира!“, напиша тогаш Сања и додаде дека бескрајно ја сака Македонија, земјата во која се родила, растела и во која твори.

Повеќе за ова прочитајте тука >>

Фото: Инстаграм/ Сања Барби

Фото: Инстаграм/ Сања Барби

Фото: Инстаграм/ Сања Барби

Фото: Инстаграм/ Сања Барби

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button