Фотографии од прославата по раѓањето на синот на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ
Една од најпознатите народни пејачи, 58-годишната Лепа Брена, во средата стана баба. Сопругата на нејзиниот посинок, 33-годишниот Филип Живоиновиќ, пејачката Александра Пријовиќ, на овој свет го донесе малиот Александар, па среќното семејство организираше голема прослава по повод раѓањето на нивниот наследник. Семејството и пријателите ги споделија на своите Инстаграм профили фотографиите од прославата, која очигледно заврши необично. Имено, на новопечениот татко, згодниот 33-годишен Филип, гостите му ја испокинаа маицата.
https://www.instagram.com/p/BurHkM8lMU_/?utm_source=ig_embed
Прославата за раѓањето на малиот Александар започна во домот на Живојиновиќ, а фотографиите ги сподели една од најдобрите пријателки на парот, познатата српска модна блогерка Зорана Јовановиќ.
И пејачката Лепа Брена, исто така, објави неколку фотографии од забавата. Таа објави заедничка фотографија на која позира со мајката на Филип, Зорица Накиќ и мајка на 23-годишната Александра, Борка Михајловиќ. Исто така, на снимките од прославата може да се види и како Брена пееше по повод раѓањето на нејзиниот наследник.
https://www.instagram.com/p/BuuT1yvlgzm/?utm_source=ig_embed
Но она што најмногу предизвика внимание беа фотографиите со таткото Филип, на кои можевме да видиме дека му е искината маицата. Имено, според српските обичаи, новопечениот татко Филип заврши со скината маица на која имаше натпис „Добредојде сине”.