Реклама
Наши ѕвезди

Еве што се крие зад љубовната приказна на Лејди Гага и Бредли Купер

Реклама

Долго време кружеа гласини дека меѓу нив се случува нешто

Откако заврши снимањето на филмот „Ѕвездата е родена“ во која главната улога ја играа Лејди Гага и Бредли Купер во јавноста долго време се шпекулираше дека меѓу нив двајцата нешто се случува.

Маркетинг

Овие гласини ги подгреа и тогашното кисело лице на Ирина Шајк која во тоа време беше со познатиот актер, како и нивната разделба. Ерупција од гласини се случи и по нивниот феноменален заеднички настап на едно доделување на награди која ја испеаја песната „Shallow“.

Тие цело време се гледаа така што сите беа сигурни дека меѓу нив двајцата има многу повеќе од хемија.

Маркетинг

Но Лејди Гага неодамна во своето интервју за Ел објасни дека се било дел од добро осмислен маркетиншки план.

„Направивме вистинска љубовна приказна. Секако, сакавме да бидеме поуверливи и луѓето да помислат дека навистина сме вљубени еден во друг – вели пејачката.

Таа додаде дека сакале да направат се’ како што треба за луѓето што одат на кино, како и оние што го следат доделувањето на Оскарите покрај малите екрани, да ја почувствуваат вистинската емоција меѓу нив.

„Сакавме да бидеме уверливи, се подготвувавме доста и мислам дека успеавме, заклучува познатата пејачка.

Што мислите, дали е во прашање само маркетинг?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button