Еве што работела Блага Петреска пред да стане популарна – ќе се ИЗНЕНАДИТЕ и од тоа како изгледала во младоста!
Блага е една од нашите најпознати пејачки…
Таа за себе вели: „Голема чест и дарба од Бога е да пренесеш енергија и да допреш до најискрените чувства на слушателот. Тоа со никакви пари не се купува“.
И самата Блага Петреска истото го докажува со нејзината енергија и со песните кои што оставаат трајни вредости и остануваат да бидат македонски евергрини.
„Сите имаме некоја мисија на земјава. Пред некој ден ми кажа еден минувач дека Господ ќе биде задоволен со твојата мисија затоа што секогаш си ведра и на пазар и дома и каде и да те сретнеме. Секогаш сакаш да расположиш. Јас заборавам дека има падемија. Секогаш ме опоменуваат да ја ставам маската. Јас сум си во свој свет“, раскажа македонската фолк дива.
Таа во емисијата „Магазин“ на Сител телевизија зборуваше за многу работи кои досега никој не ги знаел за не.
Откри детали за приватноста, а кажа и дали е исплашена од вирусот Ковид 19.
„Не, тоа не смее да си го дозволи никој. Тоа носи потешка болест. Ако се уплашиш толку, зошто живееш тогаш. Ќе паднеш во депресија. а крајот од краиштата Господ е тука. Ако веруваш во него тој ќе те викне тој кога сака. Јас и да се кријам ќе рече „ајде“. Нема бегање“, кажа пејачката.
Уште од многу млада се занимава со музика и уште од најрана возраст била ѕвезда во родниот Прилеп.
„Уште од второ одделение се примети мојот талент и харизма. Во оваа работа треба многу работи да се вклопат. Не можеш да скриеш. Сѐ се чита, сѐ се гледа. Уште во второт одделение ѝ рече сосетката на мајка ми „Ленко девојчево од ѓубре ќе ти го грабнат“. Јас сум ова што сум од луѓето го препознавале тоа кај мене и тие ме воделе низ животот. Потекнувам од семејство со 5 деца. Кој не живеел во такво семејство не знае што е убавина. Тука се бориш, кој да биде подобар, една борба, ама и поддржување, сплотување и после тоа го носиш цел живот. Јас можам да толерирам многу луѓе затоа што од мала сум така научена“, раскажа Блага.
Малкумина знаат дека пејачката пред да стане популарна работела и како наставичка.
„Само што завршив средно музичко училиште, имаше педагошка академија. Јас нон стоп се смеев и пеев. Таму во музичкото училиште сите велеа леле оваа учителка само пее. Учев хонорарно педагошка музичка академија. И таа професија може не беше за мене. Сакав да бидат одлични сите ученици. Сакав сите да имаат петки. Јас сум амбициозна и сакав сите да бидат амбициозни. Се каам за две девојчиња што бев построга со нив. Но, од добра намера“, раскажа Блага.
Своето образование по основното училиште го продолжила во средното музичко училиште во Скопје, Илија Николовски Луј.
„Кога требаше да се запишам средно музичко училиште имав русинка клавиристка, таа ми рече да студирам пеење. Јас не знаев како да го школувам гласот. Ми вика мајка ми оди во Скопје сама. Ми кажа има три куќи во Маџари, таму имаме родини, ќе одиш да преспиеш.“
„И јас сама дојдов, го положив испитот. Тогаш беше 5 години приправен, а 4 години редовно. Јас до 8 одделение веќе бев ѕвезда во Прилеп. И сега како јас подготвителна, кога сум јас одлична. Застанав до Луј директорот и ме праша што сака, и јас му реков дека сум одлична ученичка и не сакам да учам подготвителна. Тој ми рече не може, тешко е тоа и се сврте. Кога се сврте ми рече ти уште стоиш тука и јас му реков јас сум одлична ученичка не сакам приправен.“
„Отидовме до канцеларија и се договоривме. Неговиот пристап многу ми се допадна. Од него го примив тоа дека треба да го сослушаш детето, не да му се развикаш. Имало наставници кои ги yдирале прстите со линијар. И тоа сме го доживеале. Секогаш таа слика ми е во главата“, кажа пејачката.
Сите нејзини песни се големи хитови. Нема веселба во Македонија и дијаспората да помине без нејзината музика.
Сите нејзини песни се весели и игриви, но песната „Што да таксам Господе“ ги буди и најдлабоките чувства и скоро секогаш предизвикува солзи кај публиката.
„Песната е од фестивалот Валандово 96-97. Тогаш не беше забележана толку песната. Сите очекуваат поради мојата појава да носам некоја друга енергија. И додека се сетија што како, песната отиде. Меѓутоа во странство, оваа песна немаше човек која не го расплака. Тоа е нашата судбина. Мојата ќерка е во странство. Јас уште повеќе ја доживувм оваа песна. Разбирам како им е на тие што се во странство. Јас не можам да ги заборавам тие настапи со оваа песна. Имав еден млад менаџер, тој истрча од салата и рече: ‘Блага јас не можев да издржам со оваа песна. Многу ми е жал што нашата судбина е ваква’. Многу ми е жал што сите песни наши се тажни. Мојата мисија беше јас со мојата енергија која ми ја дал Бог да ги расположам, да не ги терам да плачат, иако и јас ги сакам овие песни. А, кај мене некако нема средина или пеам да те отепа од плачење или мртов да тe дигнe“, се пошегува пејачката.
Таа имала можност да настапува на големи сцени пред многу публика, па откри кој настап ѝ оставил голем впечаток.
„Кога размислувам што сум направила, до каде сум стигнала, дали негде сум погрешила… Прво да кажам дека во време на Југославија соработувавме со Сараево телевизија, Љубљана, Белград, Дом на синдикатите, сосема друга е таа енергија кога пред тебе гледаш огромна маса луѓе, кога зад тебе стои голем орекстар. Тоа е уметност. Јас сум многу среќна што го фатив тоа време и што можев да учам.
„Сепак домот семејството, ако има љубов тогаш можеш и песната да ја пренесеш.“
„Не секогаш луѓето кои ги гледаме ведри и насмеани не значи дека немаат тажни моменти. Но, работата е кога ќе паднеш да станеш, а не да лежиш“.
„Кога работев во операта и ги посматрав оперските диви ми остави друг впечаток. Пример Радмила Вакочевиќ кога доѓаше, исправена, госпоѓа, но ладна некако со нас. Ја гледам, тоа не ми се допаѓа. Од Сараево додјде Лилјана Волнар, дебела, но една душа. Таа пее „Аида“, а ние сите плачеме на сцената. Со сите разговара, не прегрнува. Реков сакам ваква да бидам. Тоа го носам во себе. И така сум ја градела личноста и кариерата. Многу внимавав што ќе отепам, каков текст, каква порака. Ако нема порака не е тоа тоа. Публикаа не можеш да ја излажеш. Сѐ се чита“, раскажа Блага.
И покрај многу животни предизвици, таа сепак не ја трга насмевката од нејзиното лице и секогаш е расположена и ведра.
И како што самата вели, инспирацијата за тоа ја црпи од своите најблиски, од своето семејство.
„Мојата ќерка, бидејќи првта внука Кристина сега се запиша на факултет, поради короната се врати во Македонија, со децата.
Ние сме нон стоп заедно, и со ќерка ми и со синот и со внуките. Имам 3 внуки и еден внук. Сега сум повеќе наклонета кон децата од странство. Има разлика меѓу деца што се тука растени и деца растени во странство.
Тоа го забележував и кога одев на турнеја, децата беа осамени, немаа другарчиња како овде, не се слободни да излегуваат. Повеќе се дома. Се расправаме кога им велам да одиме во парк, тие не сакаат. Велам како да одам да се шетам, а вие да седите дома, душава не ми дава. Ги воспитувам да бидат чесни, поштени, искрени и да се справуваат со луѓето кои не ги поседуваат тие особини. Да бидат подготвени за такви средби. Колку ќе успеам не знам, но тоа ми причинува големо задоволство“, кажа нашата фолк-дива, па испрати моќна порака до сите кои започнуваат музичка кариера.
„Бидејќи сега македонската телевизија нема оркестар, нема продуценти, нема луѓе кои ќе ги подучат македонските песни, бидејќи македонските песи не трпат многу украси. Кога јас ќе ставев трилер кој е српски ќе ми речеше некој продуцент дека тоа е погрешно. Ако сакаме да ја зачуваме нашата македонска песна, мора многу да се внимава. Навистина убаво звучат српските трилери, но македонската песна е тешка без многу украси, ама ако ја отпееш правилно не може да остави рамнодушен никој. Има посебна убавин“, заклучи пејачката во емисијата Магазин на Сител телевизија.
Во продолжение погледнете и како Благица изгледала на почетокот од својата музичка кариера. Во прашање е изведба на песната Ветерот ти и јас, во далечната 1967 година, кога Блага била дваесетгодишна девојка.
Фото: Принтксин/ Јутјуб
Фото: Принтксин/ Јутјуб
Фото: Принтксин/ Јутјуб
Фото: Принтксин/ Јутјуб
Фото: Принтксин/ Јутјуб
Фото: Принтксин
Фото: Принтксин/ Јутјуб
Фото: Принтксин/ Јутјуб
Фото: Принтксин/ Јутјуб
Фото: Принтксин/ Јутјуб
Фото: Принтксин/ Јутјуб