Еве што прави Спасен додека на сопругата на увце и пее неговиот колега – ова нема да му го заборави
Спасен на романтична вечера со својата сопруга, а Панки од „Куку леле“ им го разубави доживувањето
Познатиот фолк-пејач Спасен Сиљаноски веќе со години е во среќен брак со сопругата Ана со која има две деца.
Круна на нивната љубов се синот Арсениј кој има десет години и ќерката Мила која е две години помлада од своето братче.
Спасен и Ана се заедно повеќе од една деценија, а убавата сопруга на пејачот често може да ја видиме и на неговите настапи.
Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
Но овој пат Спасен покажа и како тие се забавуваат кога се заедно, излезени во еден познат скопски ресторан.
Имено, тој беше воодушевен од неговиот колега Сашо Каимовски, попознат како Панки од „Куку леле“, кој вечерта ги забавуваше гостите во ресторанот, па во еден момент дојде на масата кај својот драг пријател и продолжи да и пее „на увце“ на неговата сопруга.
Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
Спасен воодушевен цело време го снимаше овој момент, а потоа и го сподели на својот профил на социјалните мрежи.
Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
На снимката Спасен не се гледа, туку само Панки и неговата сопруга, додека Спасен понесен од атмосферата викна.
Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
„Те сакам. Браво!“ му порача Спасен од срце на Панки што им ја разубави вечерта на еден ваков романтичен начин.
Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
Инаку, Ана за оваа пригода носеше тесна бела блуска и црно сако со впечатливи металик детали и не ја тргаше насмевката од лицето.
Како Спасен и Ана си поминаа, погледнете во продолжение…