Реклама
Наши ѕвезди

Еве што прави денес пејачот на „Чудна жена беше Вера“ – живее мирен и повлечен живот на село, чува прасиња и кокошки (фото)

Реклама

Еден од нашите најреномирани музичари, човек кој долги години е дел од македонската сцена.

Неговиот голем хит сите го затоа што е хит песна на сите времиња – „Чудна жена беше Вера“.

Маркетинг

Круме Спасовски го паметат и помладите и потарите затоа што тој може да се пофали со долгогодишна кариера од 5 децении.

„Чудна жена беше Вера“ е негова лична карта, кога ќе се спомене неговото име веднаш се пее таа песна.

Маркетинг
ФОТО: Круме Спсовски / Фејсбук

„Песната беше снимена во 74-та година за РТВ. Покојниот Александар Сариевски беше продуцент. Во тоа време се снимаа плочи и на насловна страна од Б страна беше „Чудна жена беше Вера“, а на А страна беше „Тешко ти е сам сине мој“ затоа што се надевав дека таа ќе биде хит. Но, само што излезе плочата „Чудна жена беше Вера“ некако народот ја засака, стана хит на неделата и откако стана хит на неделата тогаш во тоа време во МТВ до ден денес не можам да се спасам.

Тогаш имав 30-тина година. Веќе 52 години сум на сцената, од 69 година наваму“, откри Круме во емисијата Магазин на Сител телевизија.

ФОТО: Круме Спсовски / Фејсбук

Круме е еден од ретките кои можат да се пофалат со 50 години кариера. Многу настапи, многу концерти, многу хитови. Од Абер дојде Ајше ле мори, Ајде дали знаеш паметиш Милице, Бог да бие Наумчето, Оф Аман, Јано ле Јанке убава…..до Ај што мерак имам бабо, Подранила Цена, Еј Заге носам чалгии, со антологиската веќе споменатата Чудна жена беше Вера.

Зад себе има многу хитови, откри и кој бил негова најголема инспирација.

ФОТО: Круме Спсовски / Фејсбук

„Снимајќи доста песни, во македонското радио имам голем опус, „Еј Заге носам чалгии“ ја снимив за Лешок фестивалот. Песната е наменска меѓутоа малку е незгодно човек да се фали од својата сопруга, но мислам дека Зага моја навистина заслужува. Ако не беше Зага не можам да бидам она што сум во естрадата. Таа имаше секогаш разбирање за мене, ветер во грб. Многу пати сум бил ослободен од некои домашни ангажмани, секогаш таа завршувала, деца сме одгледале и сѐ благодарение на Зага. Заслужно е отпеана таа песна.

Со Зага сме 51 година заедно, откако сум јас на естрадата“, откри пејчот кој за неговата сопруга има само пофални зборови.

ФОТО: Круме Спсовски / Фејсбук

Круме Спасовски инаку е во брак 55 години со неговата сакана Зага. Навистина завидна бројка. Плод на нивната љубов се нивните две деца Елизабета и Бобан. Зага и Круме сега имаат нова животна улога. Тие се сега баба и дедо.

Тој инаку се дружи со сите негови колеги и со сите има добар однос.

„Сите ми велат дека имам младешки дух. Презадоволен сум од младиве пејачи. Кога учествувам во „Мерак меана“ сум горд заради тоа што секој од млаиве ќе дојде, ќе ме испочитува, ќе се поздрави со мене, ќе ме запраша како било во минатото, ќе упати доста убави зборови, всушност тоа ме одржува да бидам така меѓу нив и помлад“, кажа пејачот.

ФОТО: Круме Спсовски / Фејсбук

Пејачот откри и кој настап засекогаш ќе му остане во сеќавае.

„Имам многу турнеи, 3 концерти солистички, за сите јубилеи. Инаку како турнеи сите ми биле забележителни, но на една 92. година се сеќавам бевме четворица, јас Наум, Петранка и Гоце николовски, 4 гласа од кои сите имаме хитови. Јас со Чудна жена, Петранка со Кирјана вино продава од која Сиднеј се тресеше, Гоце Николовски со Бисер балкански, Наум со Деспина. Таква турнеја, такво дружење не се заборава, а и финансиски добро бевме натоварени.

Од поранешна Југославија јас имав чест да ја претставувам македонската естрада во Валево. На тој концерт имав шанси да се дружам со Тозовац, Тома Здравковиќ, Ѓорѓе Марјановиќ и јас меѓу нив бев најмлад, некако бев здрвен, се чувствував нерелаксирано млад пејач, меѓутоа бев прекрасно примен и со Тозовац еве до смрт се слушавме“, кажа Круме.

ФОТО: Круме Спсовски / Фејсбук

Пејачот се потсети и на убавите денови кога македонската музика била почитувна и се слушале исклучиво само македонските песни.

„Некогаш и на најмалите концерти сум се чувствувал гордо. Но, имаше една емисија која се викаше „Песна до небо“ се одржуваше на стадионот на Вардар и „Чудна жена беше Вера“ цела стадион беше на нозе. Многу сум благодарен што таа песна на секое полувреме, стадионот грмеше. Со години тоа траеше. Без таа песна не можеше да се замисли. Тие убави моменти не се забораваат. Но, јас не сум тип да трчам по награди и пофалби, секогаш сум оставал момент и време да дозрее песната. Публиката е најголемиот показател. Ако публиката ти засака некоја песна останува засекогаш. Така и „Милке душо“ е забележителна во моите интерпретации“, раскажа Круме, па додаде:

ФОТО: Круме Спсовски / Фејсбук

„Јас сум еден чуден тип, откако почнаа фестивалите јас веќе имав работно искуство во МРТВ и сметав дека не морам да плаќам песна, не морав да трчам, чекав некој да ми понуди, не дека сум скржав, дека не ми се дава пари, туку сѐ сум мислел дека сепак е чест некој да ми се додвори и да ми каже „мене ми е мило да ја испееш оваа песна“ и така секогаш сум се „шлепал“.

Не сум прифаќал секакви песни, сум бирал и затоа имам и успешни песни кои до ден денес се вратат по програмите. Ги следам и младите пејачи кои од мојот репертоар имаат препеано преку 50 песни. Тоа значи дека младите го сакаат тоа што е изворно право македонско“, вели Спасовски.

ФОТО: Круме Спсовски / Фејсбук

Рече и дека и неговите деца и внуци кои многу го сакаат им оделе на сите конецрти.

„И моите деца доаѓаа на моите настапи. Сакале или не сакале јас постојано сум носел дома музичари. На сите концерти учествувале. Внуците исто така многу ме сакаат. Јас сега најново испеав песна за моите 4 внуци. Се надевам дека сите оние кои имаат внучиња ќе се радуваат.

Јас сум со нив многу малку и со нив се однесувам како да ми се другари. Додека баба Зага со нив е експерт. Без баба ништо не признаваат. Сите контактираат со неа и таа ме известува кој ќе ни дојде на гости“, се пошегува пејачот.

ФОТО: Круме Спсовски / Фејсбук

Од 17-годишна возраст Круме живее во Скопје, а откако се пензионирал со неговата сопруга продолжиле да живеат во неговото родно село Горно Коњаре.

„Живеам во Горно Коњари, јас сум таму и роден, меѓутоа самата ситуација уште пред да одам во пензија си направив куќа таму. Секој кај што е роден таму му е мило. Таму си живеам со баба Зага. Инаку и ќерката и синот си имаат свои домови, фамилии, секогаш кога се слободни доаѓаат. Имам прекрасно семејство.

Претходно живеев во Скопје. Најубавите години јас кога имав 17 години дојдов во Скопје во Чаир, живеев кај стара фурна. Имам доста голем двор, имам место и за бавча и за стока. Одгледувам прасиња, кокошки, мисирки сѐ имам во двор живина. Тие работи кога ќе ги средам, си одам на Пчиња во слободното време, оти тука ми е реката. Ми доаѓаат колеги, пријатели, уметници, глумци и се дружиме таму на Пчиња со сите кои што ја сакат природата.

ФОТО: Круме Спсовски / Фејсбук

За мене градот како веќе да не постои. Се чувствувам дека не ми е ниту место во градот. Самите години си сакаат мир, спокојство, јас сум си еден тип, имам едно одајче, на никој не смета, одморам, си слушам музика, свој на своето и ништо нема поубаво“, заклучи Круме.

ФОТО: Круме Спсовски / Фејсбук
ФОТО: Круме Спсовски / Фејсбук
ФОТО: Круме Спсовски / Фејсбук
ФОТО: Круме Спсовски / Фејсбук
ФОТО: Круме Спсовски / Фејсбук
ФОТО: Круме Спсовски / Фејсбук
ФОТО: Круме Спсовски / Фејсбук
ФОТО: Круме Спсовски / Фејсбук
ФОТО: Круме Спсовски / Фејсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button