Еве што прават Наум и Зуица кога имаат слободно време – пејачката се пофали на Фејсбук
Маедонската пејачка откри како го поминува слободното време.
Зуица откри дека штом започнува пролетта со Наум ја отвораат сезоната средби.
Пејачите Наум Петрески и неговата сопруга Зуица Лазова се едни од најдобрите, а секако и најдобро музички потковани пејачи на македонската музичка сцена.
ФОТО: Фејсбук / Зуица Лазова
Скоро и не постои човек кој не ги знае „Филизо, моме Филизо“, „Ајде сонце зајде“, „Зајди, зајди јасно сонце“ и други. Едни од неговите најголеми хитови се: „Жал за Деспина“, „Има ли песна“, „Лазарополе“ и други. Досега објавил 4 албуми, а последниот, со кој го одбележал 25- годишниот јубилеј, го реализирал во 2010 година под наслов „Оди ѕвездо“.
Освен музиката, Наум има уште една љубов. Најмногу го усреќува неговата пасија – риболовот. Тој откри и дека во Америка на -22 степени уловил пастрмка речна од 5 килограми и 800 грама, што му оставило најголем впечаток.
ФОТО: Фејсбук / Наум Петрески
Обожава да риболови, но потоа има мерак и тој да ја зготви рибата што ја уловил.
На неговиот Фејсбук профил честопати објавува фотографии од своите специјалитети.
ФОТО: Фејсбук / Наум Петрески
Наум и Зуица се вистински боеми и сакаат слободното време да го поминат во добро друштво, со добра храна и пијалок.
Штом запролети тие започнуваат со средбите со драгите пријатели.
Тоа го потврди и Зуица на Фејсбук.