Еве што прават Миле, Цацко и Тошо Малеро заедно во кафеана – исплива видео што ги изненади сите
Легендите повторно се сретнаа.
Видеото на Цацко, Миле и Тошо собра илјадници лајкови.
Генерацијата која растеше во периодот од крајот на 80-тите и почетокот на 90-тите со сигурност ги памети овие ликови.
ФОТО: Фејсбук
Васко Тодоров, Љупчо „Бубо“ Каров и Бранко Огњановски се основачи на легендарната и култна македонска хумористична телевизиска емисија К-15.
Освен основачи, тие беа и сценаристи и режисери на емисијата.
ФОТО: Фејсбук
Во текот на своето прикажување, К-15 се занимаваше со широк опсег на теми, вклучувајќи политика, поп-култура, спорт и секојдневен живот.
Хуморот на серијата често се потпираше на апсурдни ситуации, игра на зборови и пародија за да се истакнат општествените проблеми во Македонија и да се оцрнат личностите во очите на јавноста.
ФОТО: Фејсбук
Емисијата која беше прикажувана скоро на сите македонски телевизии престана да се емитува во 2013 година.
Видеата снимени од овие легендарни ликови останаа да се гледаат на социјалните мрежи.
ФОТО: Инстаграм / Бранко Огњановски
Публиката и денес памети многу реплики од оваа емисија, а една од најупотребуваните во секојдневието е „Епа чорба Македонче“.
После децении ова трио повторно се сретна, а средбата ја овековечија со снимка која ја објавија на Инстаграм.
ФОТО: Инстаграм / Бранко Огњановски
Сите тројца во видеото ги поздравија своите фанови и гледачи.
„Епа македонче, чорба. Се собравме да поразговараме за времето, друг пат ќе ви кажеме какво време нѐ очекува“, напиша Бранко во опис на видеото.
Сите тројца во видеото ги поздравија своите фанови и гледачи.