Реклама
Новости

Еве што прават денес децата на Бора и како изгледа НАЈГОЛЕМАТА љубов во неговиот живот (фото)

Бора ја имаше истетовирано неговата 28 години помлада сопруга преку целата рака и само еднаш ја покажа тетоважата

Реклама

Единственото нешто за што жалеше легендарниот Бора во животот беше тоа што немаше повеќе деца

Денес почина Бора Ѓорѓевиќ, легендарниот фронтмен на групата „Рибља Чорба“, во 72 година од животот.

Пејачот пред неколку дена заврши во болницата во Љубљана, односно во Клиничко-болничкиот центар во Словенија.

Маркетинг

Музичарот последните години живееше во Словенија со својата трета сопруга Дубравка која ненадејно влезе во неговиот живот.

Маркетинг
Приватна архива

Таа остана со него до последниот ден и беше единствената личност што можеше секојдневно да го посетува во болницата.

Потсетуваме, Бора во животот се женеше три пати. Од својата прва сопруга се раздели само месец дена пред нејзината трагична смрт, а потоа беше заљубен во извесна Александра од Чикаго, која набргу стана неговата втора сопруга. Но и овој брак не траеше долго, па Бора и Александра се разделија во 2014 година.

Принтскрин/ Јутјуб

Бора од првиот брак го доби синот Борис, а со нив живееше и Тамара, ќерката на Драгана од нејзиниот претходен брак.

Тие досега никогаш не биле видени во јавноста бидејќи Бора приватниот живот отсекогаш го криел далеку од медиумите.

Приватна архива

Сепак, се знае дека Тамара е наставничка и предава во училиште и дека пред неколку годни му го подарила првото внуче, а неговиот син Борис, како што легендарниот музичар самиот откри во една пригода за магазинот „Хелоу“, живее далеку од градот и се занимава со одгледување лековити растенија.

„Избега од оваа џунгла и многу добро се чувствува на планина. Кога имам време, одам таму, а Борис се уште м се поверува и ми се обраќа со ‘татко’, ‘брате’. Мислам дека тоа доволно зборува колку сме блиски“, изјави Бора во една пригода, а на прашањето дали жали за нешто во животот, тој изјави:

„Постојат работи за кои што жалам, а пред се што немам повеќе деца“.

Приватна архива

Последната љубов на Бора

Последната сопруга на Бора, Дубравка Милаковиќ, во неговиот живот влезе ненадејно, а остана со него до самиот крај.

Атрактивната Словенка, помлада 28 години од него, на вечна љубов му се заколна во 2016 година на Санторини и му остана верна до последниот ден. Таа не сака експонирање во јавноста, па постојат само неколку нејзини, за медиумите достапни, фотографии, од нивната венчавка во Санторини и од неговата книга.

Приватна архива

Музичарот заради неа се пресели во Љубљана, а на својата сопруга и го посвети романот „Пуст остров“, како и еден албум.

Принтскрин/ Јутјуб

Бора го имаше истетовирано и нејзиниот лик на раката, а за неа велеше дека му ја вратила верата во љубовта и емоциите.

Принтскрин/ Јутјуб

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button