Реклама
Вирално

Еве што порачува кардиохирургот Сашко Николов во врска со коронавирусот – ова е единствениот начин да победиме!

Реклама

Во врска со новонастанатата ситуација со коронавирусот во Македонија, се огласи и познатиот штипски кардиохирург Сашко Николов.

Тој на својот профил на Фејсбук објави статус во кој ги повикува своите сограѓани да бидат одговорни. Според него, единствениот начин да си ја вратиме слободата, да си ја вратиме социјализацијата, во било каква форма, е да ги почитуваме трите мерки, трите ритуали, кои МОРААТ да бидат дел од нашето секојдневие во наредниот период. А тоа се социјална дистанца, носење заштитна маска и дезинфекција на раце и работни површини.

Маркетинг

Одговорот на нашата неодговорност, резултира со ставање под стаклено ѕвоно некој наш близок или самите нас!, пишува докторот Сашко на својот Фејсбук профил.

Почитувани сограѓани, слободата е она што му недостасува на човештвото…

Но слобода без здравје е исто што и човек ставен во стаклено звоно; може да ја гледа околината, но не може да ја слушне, не може да ја допре, не може длабоко да вдише и да ги наполни градите со свеж воздух, не може да ја помириса свежината на пролетните цвеќиња, не може да истрча во паркот и да се струполи врз свежата трева, не може да заигра фудбал, баскет со своите другари, едноставно нема да може да му се насмее на животот.

Маркетинг

ВЕ ЗАМОЛУВАМ!!!

Единствениот начин да си ја вратиме слободата, да си ја вратиме социјализацијата, во било каква форма, е да ги почитуваме трите мерки, трите ритуали, кои МОРААТ да бидат дел од нашето секојдневие во наредниот период:

1. Социјална дистанца од 1.5-2 метри. 2. Носење заштитна маска (во затворен простор и на отворен кога не можеме да одржиме социјална дистанца). 3. Дезинфекција на раце и работни површини

П. С.

Доколку сме во ситуација, каде мислиме дека никој не не гледа и мислиме дека може да правиме што сакаме, повторно сетете се на овие три ритуали, зошто одговорот на нашата неодговорност ќе резултира со ставање под стаклено ѕвоно некој наш близок или самите нас!!!

Ваш, Д-р Сашко Николов“

Под неговиот статус следуваа бројни коментари но и прашања од страна на граѓаните, а на повеќето од нив докторот им одговори.

Па така на прашањето од една корисничка на социјалните мрежи, која е убедена дека овој вирус го прелажале многумина од декември до февруари, зошто не прават обдукција, но и зошто нема споредба н статистика од претходните години, докторот и одговори со почит со следниот одговор.

Доколку сте правник, тогаш гледајте го правото, зошто мудрување од страна што да се прави. Нефер е кон сите оние што го ризикуваат својот живот и животот на својата фамилија, за да ви пружат здравствена заштита. Од друга страна вирусот предизвикува пневмонија, а штом е докажана пневмонија, тогаш ние ја лечиме компликацијата од вирозата – пневмонијата. Обдукција се врши во случај кога не е позната причината за смрт. Исто така секој вирус може да предизвика пневмонија, проблемот со овој вирус е што пневмонијата е најчеста компликација, која се развива во краток временски период, и напиша докторот на Фејсбук.

Поврзано

Back to top button