Реклама
Наши ѕвезди

Еве што откри Тоше Проески за својата љубов вечерта пред да се случи НECPEЌAТA – ова се неговите последни зборови во јавноста

Реклама

Тоше Проески не напушти пред 13 години, но деновиве на социјалните мрежи повторно се врти неговото последно интервју.

Фото: Фејсбук/ Тоше Проески

Во прашање е интервју што легендарниот македонски пејач го даде во емисијата „Вртелешка“ со водителите Весна Петрушевска и Васил Зафирчев.

Една ноќ пред трагичната несреќа, само неколку часа пред да тргне на пат од кој нема никогаш да се врати, Тоше гостуваше во емисијата „Вртелешка“ каде го даде своето последно интервју.

Маркетинг

Тој зборуваше за своето семејство, кариерата и плановите за иднината, но зборуваше и за неговиот љубовен живот.

Фото: Фејсбук/ Тоше Проески

Имено, водителот Зафирчев во еден момент го праша дали е заљубен, на што Тоше му одговори кратко.

Маркетинг

„Се чувствувам убаво!“

„Ти делуваш како секогаш да си заљубен, а секој пат изјавуваш сам сум, заљубен, па сам сум, заљубен, па осамен“ коментираше водителот.

„Бидејќи во последни време имаше многу шпекулации, дел од нив и вистинити кои беа објавен, одлучив, од неодамна, никогаш повеќе да не дискутирам за приватниот живот, сметајќи дека така, односно барем така мислам, ќе успеам да заштитам барем мал дел од себеси“ одговори Тоше.

Фото: Фејсбук/ Тоше Проески

По ова Весна го праша: „Се врати ли Будимир за тебе или не се врати“, на што тој тогаш одговори:

„Не се врати за мене“.

„Но многу ја сака Македонија“, му рече Весна, а Тоше и одговори:

„Па, драго ми е што ја сака“.

„Се врати од туристички побуди?, го праша повторно водителката, а тој и одговори:

„Не се врати од туристички победи, има некои други планови, ама, во последно време сме често, чести заедно“.

Фото: Фејсбук/ Тоше Проески

Како пријатели?

„Сега за сега, единствено така“, изјави Тоше.

„И никако поинаку?“, го праша Весна.

„Сега за сега единствено така. Никогаш не гарантирам што ќе се случи понатаму. Времето носи се…

„Знаеп Тоше, изгледате како да сте се договориле да давате идентични изјави кога се однесува за вашата врска“, му кажа тогаш Весна Петрушевска.

Фото: Фејсбук/ Тоше Проески

„Нема потреба, нема зошто би криел. Тоа е наједноставната работа која што треба да се знае. Но со оглед на тоа што понекогаш не сум сигурен со работите што се одвиваат во меѓувреме, никогаш не сакам да ги проширам работите, пред да ги испитам и да ги опипам јас самиот“.

„Значи затоа викам, сега за сега нема ништо“, изјави Тоше.

„И се додека не дојде моментот кога ќе треба да се случи нешто, и ако треба да се случи, ќе биде така“.

„А ако се случи, ќе бидете благовремено известени“, изјави Тоше на самиот крај од своето последно интервју.

Целото интервју како и документарецот „Шест часа до небото“ може да ги погледнете во продолжение.

Фото: Фејсбук/ Тоше Проески
Фото: Фејсбук/ Тоше Проески
Фото: Фејсбук/ Тоше Проески
Фото: Фејсбук/ Тоше Проески
Фото: Фејсбук/ Тоше Проески
Фото: Фејсбук/ Тоше Проески
Фото: Фејсбук/ Тоше Проески
Фото: Фејсбук/ Тоше Проески
Фото: Фејсбук/ Тоше Проески
Фото: Фејсбук/ Тоше Проески
Фото: Фејсбук/ Тоше Проески

Поврзано

Back to top button