Еве што откри нашата Гранд ѕвезда за музичкото шоу и што мисли за КАРЛЕУША – ова нема да и се допадне на Вања Кнежевиќ
Вања Кнежевиќ беше исфрлена од шоуто откако сподели неколку бpyтални објави за Јелена Карлеуша.
Бидејќи во целиот регион веќе со денови се зборува за „Ѕвездите на Гранд“, музичкото шоу кое се најде на удар откако една натпреварувачка ја обвини Карлеуша за психичко вoзнемиpyвање, публиката почна да е интересира за мислењето и на останатите кандидати кои се дел од ова популарно шоу.
Па така и младата пејачка од Македонија, Мими Јовановска, која со својот глас ја освои милионската публика, но и претставниците на жирито, како гостинка во емисијата „Живот со стил“, во врска со шоуто изјави:
„Ние што сме зад сцената не гледаме кога доаѓаат, но можам да кажам дека се една голема спротивност од она што се пред камери. Значи, многу се ‘кул’, гледаат на секој натпреварувач да помогнат и да бидат пријателски настроени“, изјави нашата млада пејачка. Таа во една пригода откри и детали за најпопуларниот лик од жирито Јелена Карлеуша.
Таа вели дека не ја запознала пејачката зад сцената, но дека кандидатите кои се дел од нејзиниот тим велат дека Карлеуша приватно е целосна спротивност од она што е на сцената. Што значи дека е пријатна и секогаш достапна за своите кандидати, открива шармантната Јовановска.
Престанете со лични фpyстрации
Сличен коментар за популарното музичко шоу имаше и натпреварувачката Невена Петрониќ, а нејзината објава ја сподели и нејзиниот ментор Ѓорѓе Давид.
„Претпоставувам дека сега на сите паметни им е јасно за каков човек станува збор. Не би сакала, ниту пак би си дозволила да изнесувам некакви претпоставки како другите ментори работат со своите кандидати“, вели оваа девојка.
„Но она што го знам е дека Ѓорѓе држеше проба со своите кандидати со нога во гипс, држеше проба во Белград, па замина во Сараево да држи друга проба (и тоа повеќе пати) бидејќи не можевме сите, како заради короната и сето друго, да дојдеме во Белград“, пишува во објавата младата пејачка.
„Доаѓаше кај секој од нас во градот во кој живееме поединечно. А тоа што на пробите со нас поминуваше по пет-шест часови на ден не треба ни да го споменувам. Можеби сите овие работи гледано од страна не значат ништо за некој, но ајде некој да ми каже дека истите работи ќе ги прави од чиста љубов и посветеност без да има некоја корист“, додаде Невена.
„Не би го правел тоа сигурно, а тој тоа го правеше и се уште го прави, и тоа сé повеќе и повеќе од круг во круг. Доста лечење лични фpycтрации на луѓето што ги гледате преку екраните. Тоа што ја избрале професијата која на јавноста им е дадена на дланка, не ви дава за право вашите малициозности и да ги лекувате така“, напиша искрено Невена.
Фото: Инстаграм/ Мими Јовановска
Фото: Инстаграм/ Мими Јовановска
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Мими Јовановска
Фото: Инстаграм/ Мими Јовановска
Фото: Инстаграм/ Мими Јовановска
Фото: Инстаграм/ Мими Јовановска
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша