Еве што навистина се случува со бракот и бебето на Бали-бег и Неџла – ПОПУЛАРНИОТ турски актер конечно прозборе за разводот
„Ние сме популарен пар, но дома сме обично семејство“
Популарниот турски актер кој ги освои срцата на жените со неговата генијална улога на Бали-бег во „Сулејман величествениот“ во последно време се почесто се наоѓа во медиумите и заради наводните проблеми што ги има во бракот со неговата сопруга Фахрие Евџен.
Веќе некое време кружат гласини дека популарниот пар кој сите го знаеме од турските серии поминува низ турбулентен период, а како повод за нивните несогласувања досега во медиумите испловија најразлични причини.
Но во интервјуто кое што го даде за турските медиуми Бурак откри дали овие гласини имаат допир со реалноста.
„Ние двајцата се познаваме одлично. Навистина, ние сме популарен пар, но дома сме обично семејство. Работата и јавниот идентитет се нешто потполно друго, но кога влеговме во врска, го знаевме тоа, така што нема никаков проблем. Мислам дека добро излегуваме на крај со сите предизвици со кои се соочуваме“, изјави тој.
Познатиот актер меѓу другото откри и дека од првиот ден е вљубен во својата сопруга, но и дека тоа не го крие од неа.
„Сакам да ја изненадувам. Мислам дека животот во такви моменти генерално станува поубав. Во секој случај, се обидувам да се раководам според она што ми го вели срцето, го правам она што го чувствувам дека треба, а тоа го прави и мојата сакана“, пренесуваат „ТВ Новели“.
Тој додаде и дека многу работи се промениле откако во нивните животи се појави малиот Каран.
„Каран промени сé во нашите животи на секој можен начин. Ме научи да на брзам, ми го разбистри погледот. Порано сакав се да држам под контрола, во свои раце, но откако дојде тој сфатив дека не е бап се во моја моќ и дека морам малку да се опуштам. Кара дојде како просветлување“, истакна гордиот татко во своето последно интервју.
Инаку во турските медиуми во изминаиве неколку месеци не ретко можевме да прочитаме дека токму нивнито син Каран е причината за расправиите меѓу Бурак и Фахрие, но очигледно дека ситуацијата не е таква.
Од друга страна, некои медиуми пред неколку месеци објавија и дека популарниот пар е решен наскоро повторно да се оствари во улога на родители, а некои медиуми дури објавија и вести, според извори блиски до парот, дека убавата сопруга на Бали-бег повторно е во блажена состојба.
Бурак и самиот веќе неколку пати во медиумите изјави дека би сакал да има уште едно дете и дека посебно ќе се израдува ако добие ќеркичка. Ова само ги поттикна гласините дека „штркот“ наводно би можел повторно да следа во нивниот двор, но познатиот пар досега ги нема ниту демантирано ниту потврдено овие вести.
Тие продолжија да објавуваат фотографии на кои изгледаат вљубено и среќно, а доколку шармантната Неџла навистина повторно е бремена, наскоро ќе дознаеме.