Реклама
Вирално

Еве што му порача Сашо Тасевски на Геро за Кики и Фрики

Реклама

Новинарот Бранко Героски најави дека во понеделник ќе открие кои се Кики и Фрики, фиктивните ликови од неговите последни колумни во кои Коки беше Бојан Јовановски, а Зоки, Зоран Милески Кичеец.

Героски прв во јавноста излезе со приказната за рекетот, која се покажа како вистинита откако Бојан Јовановски и Зоран Милески Кичеец беа уапсени.

Маркетинг

Тој сега најави дека ќе ги открие и имињата на Кики и Фрики кои според неговите текстови се двајца политичари од кои едниот до неодамна бил на висока државна функција.

По ова следуваше коментар од актерот Сашо Тесевски кој преку Фејсбук му го порача на Героски следново.

Маркетинг

„Во понеделник Геро ќе ни каже кои се Кики и Фрики. Не мора да ни каже. Светци знаеме дека не се.

Геро остај ги Кики и Фрики, кажи Оркица како е? Му се врати апетитот? Мудрува за цената на слободата? Тура рака у џеб? До кај ја тура? До лакт или до рамо?

Сите сте вие исти. За пари роденото дете ќе си го продадете. Нема дрес што не би го облекле, за добра цена. Бардов(Ц)и на новинарството слуги на Светото Тројство – Власт, Медиуми и Бизнис олигархија“

 

Покрај ова, Саше подоцна го додаде и следниов коментар:

И да знаете, никој не е глуп. Некаде во исто време, неколку луѓе кои пишувавме колумни по неделници и портали (јас пишував во Фокус за многу скромен хонорар, без партиски додаток) и кои бодевме очи, ни беше кажано да одмориме малце од пишувањето. Во исто време неколку од нас. Значи тоа било координирано од некаде и некого

Останав без единствениот хонорар од страна. Со една плата и семејство со три деца. Без никаков прилив. А да, со плус 8300 додаток за трето дете, Груевски што ме почести, а кои вие го укинавте, за новородените трети деца во иднина. Тоа е, сите ми се родија во негово време и морам да кажам нешто позитивно и за него.

Ако бе, навикнат сум, никад не сум имал многу. Доволно да се јаде пристојно во месецот, а некои и тоа го немаат, затоа не треба да цвикам многу.

Друго ми е муабетот.

Верувам и кај Груевски одредени луѓе трчаа со скрин шотови од моите антивладини писанија во негово време, ама сега знам дека вие го правите истото и пуштате сугестии преку ваши потрчковци во “невладини” до медиуми за тоа кој смее да пишува, а кој не смее.

Ако бе, ја знаете онаа: Карма ис а бич. Она од што се плашите, е тоа ќе ве снајде. Луѓето наоѓаат начин да преживеат, да донесат плус пари дома, а вие им го земате лебот, свесно, зашто мислите дека Сашо, Станко, Петко, Геро, Ждеро, може да ве турне од власт.

Не бе копуци, сами си го нишате столчето додека јамката ви е околу вратот. Не сме ние вашите душмани, туку оние покрај вас, разни рашковци, катици, радици, дизел мирици и остали глупаци. Вашите блиски се ваши џелати.

И ова слободно доставете го таму кај што треба.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button