„САКАМ ДА ОДАМ ДОСТОИНСТВEНО“: Еве што рекол Жарко пред смртта – бил свесен колку е тешко болен

Да потсетиме, Лаушевиќ боледуваше од рак на белите дробови
– Живеев за моите улоги – е една од последните реченици, како што дознава Курир, што Жарко Лаушевиќ ја кажал пред да не напушти прерано.

Тој беше свесен колку е тешко болен и во еден момент дури рече:
– Сакам само достоинствено да заминам – рече Лаушевиќ.
Познатиот актер, како што неофицијално дознава Курир, последните две недели од животот ги поминал во КБЦ „Бежанијска коса“, каде сите го паметат како исклучителен џентлмен.
Да потсетиме, Лаушевиќ боледуваше од рак на белите дробови. И покрај тешката дијагноза и тешката терапија, снимаше и беше активен речиси до последниот ден од животот.

Што го покажа со појавувањето на премиерата на филмот „Хероји Халиарда“ пред 37 дена, каде беше пречекан со најголеми овации.
Семејството на прославениот актер излезе со соопштение:
„Ја информираме јавноста дека денес, 15.11.2023 година, на 63-годишна возраст, по кратко и тешко боледување почина нашиот сопруг и татко Жарко Лаушевиќ.

За датумот и местото на погребот јавноста ќе биде навремено информирана “, се вели во соопштението на ужаленото семејство.
Сестрата на сопругата на Лаушевиќ, раскажала како биле последните денови на познатиот актер кој не успеал да се избори со страшната болест.
„Почина денеска околу 12 часот. Беше во болницата „КБЦ Безанијска Коса“. Не беше добро и на крајот не успеа да се избори со болеста. Анита е добро, добро го издржа ова, секоја чест за неа“ – изјави таа за медиумите.




