Реклама
Наши ѕвезди

Еве што и одговори претставник на нашето жири на Шерифовиќ

Реклама

Откако Македонија не и даде ниту еден поeн на претставничката од Србија, на многумина познати од соседната земја не им беше сеедно.

Имено, Тамара Тодевска ја поддржаа многу познати ѕвезди од Србија кои отворено изразија жалење што не победи на Евровизија. Но некои од нив му забележаа на стручното жири од Македонија што не дадоа ниту еден поен за претставничката од Србија, а меѓу нив i пејачката Марија Шерифовиќ која можеби најбурно реагираше од сите.

Маркетинг

Имено, таа распали на социјалните мрежи и бараше да се открие кој стои во стручното жири од Македонија.

Маркетинг

Критики имаше и од страна на публиката во Македонија, особено затоа што, според нив, нашите претставници на жирито се однесувале потполно аматерски и како да не размислувале кога ги делеле гласовите, бидејќи Србија ни даде 12 поени, а под знак прашање е и колку поени ќе ни дадат следната година. Од друга страна според нив тие не го испочитувале ни Дарко Димитров, кој го прави аранжманот на песната на Тамара Тодевска, но во исто време негова е и музиката на песната на Невена Божовиќ.

„Срамота за Жирито. катастрофа.“, Кои и да сте, немате поим од музика, треба да се засрамете и да се извините јавно на социјалните мрежи, како на Србите така и на нас Македонците“, „Срамота за македонското жири“, „Кој ги избра анонимусиве“ пишуваат револтирано корисниците на социјалните мрежи од Македонија.

По сето ова се огласи и македонскиот пејач Роберт Вукелиќ кој беше дел од жирито и кој го напиша следново.

„Дали некој од тоа жири на Пинк размислило за исмејувањето на полно Македонски Деца кои беа исмејубави, ругани и омаловажувани а тоа сите го гледаа во Македонија и пошироко? Дали некој за тоа пиша некаде или тоа е релативна ствар? – ова до тебе прашање драга Марија Ш.“ – напиша во коментар Роберт Вукелиќ кој исто така гордо кажа и се изјасни дека е Македонец и дека е пријател и ги сака сите соседни земји, вклучувајќи ја и Србија.

Фото: Твитер/ Роберт Вукелиќ, принтскрин

Роберт исто така спомена и дека одлуката не е само од еден човек од жирито, туку кога се гласа се земаат во предвид гласовите од сите членови во жирито.

Па што мислите вие за ова?

Поврзано

Back to top button