Еве што изјави фолкерката за гласините дека сопругот ја изневерува со дадилката и дека и’ направил бебе
Се шират гласини дека нивниот брак е на лабави нозе, а наводно за тоа зборува и тоа што пејачката на својот Инстаграм веќе некое време не објавува фотографии од својот сопруг, за разлика од порано...
На социјалните мрежи деновиве се ширеа гласини дека пејачката Сека Алексиќ го фатила својот сопруг како ја изневерува.
Како што беше објавено од страна на еден корисник на социјалната мрежа Икс, сопругот на Сека, Вељко, наводно ја изневерувал пејачката со нивната дадилка, која останала бремена од него.
Овие гласини Сека веднаш ги демантираше, па за „Блиц“ жестоко им одговори за оние што шират невистини за неа.
Фото: Инстаграм/ Сека Алексиќ
„Семејството е светиња, нека му е срам на секој што ми го чепка бракот и мажот. Нека се плашат од Господ оние што измислуваат такви приказни“, изјави популарната пејачка за „Блиц“.
Фото: Инстаграм/ Сека Алексиќ
Потсетуваме, Сека Алексиќ и Вељко Пиљикиќ се во брак од 2010 година, а се запознаа една година претходно.
Фото: Инстаграм/ Сека Алексиќ
Вељко тогаш беше вработен како член на обезбедувањето на познатата пејачка, а од овој брак добија две деца.