Еве што Зорица Марковиќ откри за сопругот на Тања Савиќ: Се сретнавме двапати, тоа што ѝ го прави е болно, надвор од ум
Случајот на Тања Савиќ која остана без двете деца откако сопругот без нејзино знаење ги однесе во Австралија, ја потресе јавноста, а по тој повод се јави и нејзината постара колешка Зорица Марковиќ.
– Таа девојка е едно злато, еден ангел кој прекрасно пее. Сакаше семејство, се вљуби, а ова што ѝ го прави мажот е монструозно. Шокирана сум од начинот на кој ги грабна децата од една мајка, вели пејачката.
Зорица Марковиќ потоа ги опиша средбите со сопругот на Тања, Душан Јованчевиќ.
https://www.instagram.com/p/B8i-vkFBrOJ/
– Јас него го сретнав два пати во животот и остави одвратен впечаток врз мене. Се прашував што прави ваква жена со ваков човек. Ја тие луѓе кои не се добри некако ги препознавам. Не се фалам, ниту сум генијалец, ниту видовита, но мојот желудник реагира на такви одвратни луѓе. Јас ги читам луѓето како буквар.
https://www.instagram.com/p/B8i-vkFBrOJ/
– Жал ми е за неа како мајка, а најмногу за децата кои најмногу страдаат. Не можам да имам убаво мислење за човек кој така може да им наштети на ангелите кои тој ги создал, кои треба да ги имаат двајцата родители, додаде Зорица.
– И да се разведат, не дај Боже, не би биле ни први ни последни, а ова што тој ѝ го направи на Тања е за секоја осуда. За жал, го немам бројот на Тања да и се јавам, но и давам поддршка, иако освен правна и државна помош, јас не можам ништо друго да направам за неа, вели Зорица.
https://www.instagram.com/p/BxAX9-QBd49/