Еве што вели Џејла за гласините дека се мувала со Марија Шерифовиќ – новинарите ја прашаа, таа им одговори без влакна на јазикот
Џејла Рамовиќ се најде во улога на жири во шоуто за ветерани „Никогаш не е доцна“ и ги изненади сите.
Популарната млада пејачка на ја крие својата возбуда и среќа што е дел од ова шоу, посебно што ја потсетува на „Ѕвездите на Гранд“ каде што победи.
Благодарение токму на победата во ова шоу таа стана популарна, а сега се најде и во улога на жири и уживаше во тоа.
По емисијата младата пејачка одговори на неколку прашања на претставниците на седмата сила, кои ја прашаа и за нејзиниот однос со нејзината поранешна менторка од „Ѕвездите на Гранд“, Марија Шерифовиќ.
Пејачката се уште нерадо одговара на ваквите прашања, па и овој пат само кратко коментираше за Шерифовиќ.
„Тоа искуство за мене е сосема нормално, ништо непознато, немам јас тука ништо да додадам, тоа за мене е раскажана приказна“.
На прашањето што прво и доаѓа на памет кога ќе слушне или прочита во медиумите дека имало нешто повеќе од пријателство помеѓу неа и Марија, таа вели:
„Боже помогни!“.
Џејла додаде и дека би сакала овие гласини повеќе да не се провлекуваат низ медиумите, и наместо тоа, повеќе да се пишува за она што таа е, односно за нејзините квалитети како пејачка и за нејзините песни.
Фото: Инстаграм/ Џејла Рамовиќ
Фото: Инстаграм/ Џејла Рамовиќ
Фото: Инстаграм/ Џејла Рамовиќ
Фото: Инстаграм/ Џејла Рамовиќ
Фото: Инстаграм/ Џејла Рамовиќ
Фото: Инстаграм/ Џејла Рамовиќ
Фото: Инстаграм/ Џејла Рамовиќ
Фото: Принтскрин