Познатата пејачка конечно зборуваше за домашно видео со поранешно момче
Пејачката се чувствувала ужасно кога дозна дека нејзиното интимно видео е пуштено во јавност.
Никол Шерцингер конечно се огласи во врска со домашното интимно видео со поранешното момче, возачот на Формула 1, Луис Хамилтон, кое неодамна се појави во јавноста.
На забава организирана од пејачот Елтон Џон, по доделувањето на Оскарите, Никол ги коментираше неодамнешните непријатни настани.
„Тоа беше страшно, едноставно не разбирам зошто некој го сторил тоа. Зошто некој би го објавил тоа? Тоа е неверојатно злонамерно”, изјави пејачката.
Видеото трае околу две и пол минути и покажува како Никол и Луис разменуваат нежности во креветот.
Познатиот пар беше во врска седум години со чести прекини. Конечно, тие се разделија во 2015 година, и по извесно време пејачката започна врска со тенисерот Григор Димитров, додека нејзиното поранешно момле, Луис, од неодамна е во врска со 20-годишниот модел Синди Кимберли.