Реклама
Наши ѕвезди

Еве што вели Дунавка за „бркањето“ на папата низ центарот на Скопје и за историското „селфи“

Реклама

Се огласи и Дунавка Трифуновска во врска со историската посета на папата Франциск во Македонија

Манекенката Дунавка Трифуновска со големи очила и турбан на главата го „бркаше“ папата низ центарот на Скопје за да направи „селфи“ со него. Таа успешно се проби до папата, така што успеа и да ги направи фотографиите, но како што самата вели, нема да бидат објавени сега, туку во нејзината книга која треба наскоро да излезе Животот од Ленинова.

Маркетинг

Имено, откако медиумите објавија дека Дунавка се бркаше со папата при неговата посета на спомен куќата на Мајка Тереза во Скопје, за да се фотографира со него, се огласи и манекенката преку нејзиниот профил на социјалните мрежи. Еве што напиша таа.

„Селфито со папата како и останатите ексклузивни фотографии од настанот секако нема да ги добиете – како ни мојата изјава. Џабе трачите, се јавувате. Ќе бидат објавени наскоро во мојата прва книга ‘Приказните од Ленинова’“ напиша таа.

Маркетинг

 

Таа најави и дека наскоро планира да оди во Будимпешта, а корисниците на социјалните мрежи се прашуваат дали ќе направи и „селфи“ со лицето Н.Г.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button