Луна Џугани стави силикони, а покрај оваа промена има и нова боја на коса со која се пофали на социјалните мрежи.
Новопечената пејачка и блогерка призна дека и порано сакала да експериментира со својот имиџ, па сега реши да „фура“ кафеава нијанса на коса, а прв пат ги покажа и своите нови облини во деколтирана маица.
Таа самата изјави дека не претерала со силиконите, а од нејзините фотографии имаме прилика и ние да го видиме тоа.
Инаку, и нејзината мајка Анабела Атијас е позната по тоа што отворено зборува за своите пластични операции.
Таа во една пригода изјави:
„Имам докторка што се грижи за моето лице, но не сакам да претерувам, на време почнав да се грижам за кожата. Што се однесува до естетската хирургија, нема проблеми, јас пред 20 години направив силикони кои наскоро ќе морам да ги менувам. Лицемерно би било да не и дозволував на Луна да ги зголеми градите, ја разбрав нејзината потреба и ја поддржав во тоа. Мене ми е важно само нејзиното здравје и насмевка“, изјави Анабела.