Реклама
Вирално

Еве што велеше за себе Боки 13 откако се преполови: „Изгледав како нашминкана мечка, а сега како Наоми Кембел“

Реклама

Боки и македонската „Фарма“

Не, ние немаме наше ријалити шоу, но затоа нашата политичка сцена е нешто како македонска верзија на „Фарма“. И тоа не онаа на Џорџ Орвел, туку онаа „бескрупулозната“ што ја гледаат сите на розовиот канал.

Маркетинг

Па, бидејќи Боки 13, нашиот Џемс Бонд 007, е главниот лик во македонската трагикомична сапуница наречена „Рекет“ која веќе со недели ги тресе нашите бавчи, како оние на површината, така и од подземјето, решивме одвреме-навреме да објавиме по некој текст поврзан со опскурниот лик кој можеби нема да биде победникот во ова шоу, но дефинитивно во овој момент е главната ѕвезда. Лик без кој ништо во „нашата Фарма“ немаше да се случи.

Маркетинг
И Наоми може вода да му носи

И токму затоа денес ќе се потсетиме на главниот јунак од оваа наша луда приказна, но од времето пред да почне да се трансформира во Џемс Бонд. Имено, погледнете како изгледаше Боки пред неколку години, и што зборуваше кога започна неговата физичка трансформација и кога реши да ги остави фустаните и да стане потполно нов лик.

„Порано изгледав како нашминкана мечка, а сега ќе изгледам како Наоми Кембел”, изјави Боки за една хрватска телевизија пред неколку години, откако изгуби преку 30 кг и потполно го промени својот имиџ. И тогаш никој сериозно не го сфати, а по некое време откако навистина го немаше во медиумите, повторно се врати. И тоа во некоја нова, пософистицирана верзија. Направена зад кулисите на некоја тајна служба. Или барем така пишуваа регионалните медиуми. И како што самиот тогаш изјави дека додека апстинира работи на својот изглед и дека успеал да го постигне она што го зацртал, очигледно некој цело време работел и на сценариото.

И затоа гледано од денешен аспект можеме да кажеме дека црниот пантер Наоми може вода да му носи на нашиот Боки. И тоа онаа од „Пелистерка“ со која момчево дебело се омрси, иако во овој момент можеби не изгледа баш така.

Но времето ќе покаже…

Робин Худ Џуниор

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button