Реклама
Наши ѕвезди

Еве што велат Цеца и снаата на Брена за 100-те евра помош од државата

Реклама

Се огласија и познатите ѕвезди …

Откако во Србија се појавија првите информации во јавноста дека секој возрасен граѓанин ќе добие по 100 евра од државата и дека исплатата ќе започне на 15 мај, додека пензионерите треба да ја очекуваат и нешто порано, некои познати личности од естрадата го дадоа своето мислење и открија што би правеле со тие пари и дали воопшто би ги зеле.

Маркетинг

Познатата пејачка Александра Пријовиќ одлучи да не аплицира за финансиска помош од државата, која изнесува 100 евра, но се пофали дека државата им помага на оние на кои им е потребна помош. „Јас нема да се пријавам за оваа помош. Имавме среќа што нашата фирма беше успешна во последните неколку години, така што многу полесно можеме да се справиме со вонредна состојба од некои други, кои, за жал, се во многу тешка и неизвесна ситуација. Затоа, верувам дека е подобро овие пари да завршат во рацете на оние на кои најмногу им требаат сега“.

Пејачката Наташа Беквалац ја поддржа одлуката за добивање помош на сите граѓани на кои им е потреба.

Маркетинг

„Иако тоа предизвика некои контроверзии во јавноста, јас ја поддржувам одлуката граѓаните да добиваат финансиска помош затоа што сум сигурна дека тоа ќе значи многу за некого. Огромна привилегија е тоа што мојата публика, дваесет години наназад, го поддржува она што го правам, ја слуша мојата музика и доаѓа на моите концерти, така што јас и моето семејство сме обезбедени.“

„Затоа и немам потреба да ја користам помошта на државата затоа што истата им е многу повеќе потребна на некои други отколку на мене“ рече Беквалц.

И Светлана Цеца Ражнатовиќ кратко коментираше и го изнесе својот став поврзан со оваа состојба.

„Нема да земам никаква финансиска помош“, беше сè што рече по ова прашање познатата фолк дива.

Во оваа прилика зборуваше и Кија Коцкар.

„Да, секако дека ќе ја земам и ќе му ја дадам на некој на кој му треба. Веројатно на сестра ми која има мало дете и не работи, а кога работи нејзината плата е мизерни 15.000 динари. Секој треба да ја земе лично и да му ја даде на некого ако не му треба, а не да ја остави на државата. Срамно е тоа што многумина се шегуваат со овие 100 евра. Ако не ти требаат, оди уплати ги на некое дете за лекување или дајте ги на некое семејство“ изјави Коцкар.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button