Реклама
Вирално

Еве што велат докторите и научниците за крвавиот крст на челото на Ненад Пауновиќ

Реклама

Божјо чудо или не?

Фото: Зорана Јевтиќ, Курир.рс

Веста за Ненад Пауновиќ (33) на кого за време на големите верски празници на челото му се појавува крст што крвави го изненади целиот регион.

Како се појави веста за Ненад од Панчево, се постави и прашањето дали од медицинска гледна точка, нешто вакво може да му се појави на телото.

Маркетинг

Како што вели самиот Ненад, ваквиот феномен му се случува веќе десет години, откако бил кум на крштевање на свој другар.

Верниците сакаат да веруваат дека постојат стигмати и дека токму тие се избрани да комуницираат со господ.

Од друга страна многумина мислат дека во прашање се рани кои верниците самите си ги прават.

Стигмати се рани кои им се отвораат на луѓето и кои потсетуваат на оние што ги имал Христос на своето тело. Се појавуваат во вид на крвави дамки на дланките или на ножните зглобови и стапалата, како и на оние места на кои беа заковани шајките на телото на Исус кога бил на крстот.

Сепак, докторите и научниците сметаат дека стигматите не се добиени по мистичен пат, туку со посредство на сопствено делување на кожата.

Гледано oд медицинска страна вакво нешто не е возможно. За тоа не постои никакво научно објаснување. Најверојатно црвенилото се појавува по надразнување на кожата со што се зголемува пропустливоста и се шират крвните садови. На пример, со помош на пиперка, сок или лекарски препарати – изјави шефицата на научно-консултанското одделение на институтот за имунологија ФМБА на Русија, Људмила Лус за Гласот на Русија.

Интересно е што ваквите рани стигмати им се појавуваат на луѓето што се екстремни во својата верба. Исто така интересно е и тоа што стигматите или Исусовите рани никогаш не се појавила на телото на муслиман или будист. Некои научници сметаат дека стигматите се класичен пример на психосоматско заболување кај верниците кои со огромна емпатија се поврзуваат со страданието на Христос кога бил paспнат на крстот. Но интересно е и тоа што Ненад од Панчево, на кого веќе 10 години му се појавува раната на челото, вели дека не е некој голем верник.

Ненад вели дека тоа му се случува веќе 10 години од денот кога бил кум на крштевање на својот пријател.

За време на обредот свештеникот со крстот поминал на неговото чело и тогаш почнало да го пече и да му тече лимфа, а по еден час се појавил и крстот. Отишол во болницата да го прегледаат, па се вратил до свештеникот да го земат маслото за да проверат од што се’ состои, да не е алергичен на нешто. Но во прашање било обично масло за јадење. Направил анализи и дали е алергичен на нешто, но резултатите биле негативни. Подоцна бил и кај невропсихијатар и никој нема објаснување за она што му се случува. Единствено му кажале дека можам сам, со своите мисли, да предизвика таква реакција.

Што вели науката?

Оние што имаат стигмати на телото на докторите обично им кажувале дека раните им настануваат откако ќе се разбудат од длабок сон во кој сонувале библиска сцена на paспетието. За овој феномен имал своја теорија дури и светски познатиот психолог Сигмунд Фројд. Тој смета дека во прашање е феномен на потиснување на сексуалната енергија кај личноста, која нема можност во доволна мерка да ги задоволи своите физиолошки потреби и да се реализира во полниот живот, како што тоа многу често се случува кај претставниците а свештенството и длабоките религиозни луѓе.

Гема Галгани, Светица и стигмата од Италија

Меѓу познатите стигмати бил и Свети Фрањо Асишки како и светата монахиња од доминиканскиот ред Катарина Сијенска, италијанскиот свештеник Падре Пио кого римокатоличката црква во 2002 го прогласи за светец.

Можно медицинско објаснување

И додека за едни стигматите се религиозен феномен, постојат документи за луѓе на кои им е дијагностицирано многу ретка состојба на хематохидроза – оболување кое предизвикува на заболените да им се лачи крв низ кожата.

Но оваа болест е многу ретка, се случува на еден од 10 милиони луѓе и за неа се знае многу малце. Се смета дека кога вознемиреноста ќе се зголеми, капиларите што ги опкружуваат рецепторите за потење се собираат до точка на пукање, што доведува до искрварување на крвта до површина на кожата, преку потта.

Хроничниот стрес и страв можат да предизвикаат хематохидроза

Некои психолошки студии ги окарактеризираа стигматите како психосоматско заболување. Оние пто имаат стигмати обично се екстремно религиозни луѓе кои минуваат многу време фокусирајќи се на страдањето на исус. Бидејчи хематохидрозата е тесноповрзана со стресот, можно е интезивна и стреса религиозна медитација да предизвика вакво крварење.

Но генерално, докторите и научниците се скептични за таканареченото чудо кое нема научно и медицинско објаснување. Од друга страна, некои луѓе веруваат во чуда, па се поставува прашањето дали за ова верување во современиот свет има место?

Што мислите вие?

Поврзано

Back to top button