Еве со која пејачка ќе настапува Молика во Канада – Македонците ги очекува забава за паметење
Најавуваат одлична забава во Торонто
Една од омилените групи од Македонија, „Молика“, заедно со Татјана Лазаревска ќе одржат голем концерт во Торонто.
Концертот ќе биде на 14 септември, во македонската православна црква Свети Климент Охридско во Торонто, а Татјана заедно со својот сопруг Новица Василевски и добро познатата екипа од „Молика“ го најавија истиот на социјалните мрежи и ги воодушевија сите.
Имено, за настапите на „Молика“ во нашата дијаспора секогаш се бара влезница повеќе, а овој пат во комбинација со Татјана и нејзиниот сопруг забавата и добриот провод се загарантирани.
Фејсбук/ Група Молика
Татјана и Новица веќе неколку години живеат во Австралија каде редовно имаат свирки пред нашите иселеници, а сега и Македонците од Канада ќе имаат можност да уживаат заедно со нив, но и со големите хитови на „Молика“, една од најбараните групи за ваков вид веселби.
Маркетинг
Инстаграм/ Татјана Лазаревска
Сите тие зад себе имаат многубројни фантастични настапи како во нашата земја, така и на сите оние места низ светот каде што живее нашата дијаспора.
Фејсбук/ Група Молика
И секогаш за секоја нивна следна свирка тие максимално се подготвуваат да направат уште подобра атмосфера за која долго уште време ќе се зборува, па така повеќе од сигурни сме дека и овој пат на нашата публика во Торонто ќе им приредат незаборавна забава.