Реклама
Наши ѕвезди

Еве со која македонска Гранд ѕвезда Цеца се појави во Македонија – цел град ечеше, ја запалија сцената

Пејачката изгледаше како сирена на сцената

Реклама

Спектакуларен настап на Светлана Цеца Ражнатовиќ во Куманово

Балканската фолк-дива Светлана Цеца Ражнатовиќ вчера одржа незаборавен концерт во Куманово Спа.

Пејачката концертот го започна со емотивни зборови, а публиката ја воодушеви и македонската Гранд ѕвезда што настапуваше со неа.

Маркетинг

Инстаграм/ Куманово Спа

Добра вечер Куманово, добра вечер моја сакана Македонијо! Се надевам дека бевте горди кога нашиот Мики беше вице-шампион, тој тоа го заслужи, заслужи да победи со Шејла, двајца сјајни изведувачи, но се покажа тука дека се вистински таленти. Ви се заблагодарувам многу на поддршката, а ние одиме понатаму“, изјави популарната пејачка и го започна концертот.

Маркетинг

Инстаграм/ Куманово Спа

Пејачката за оваа пригода носеше прекрасна креација со сирена крој со која ја истакна својата витка линија. Таа цела вечер беше одлично расположена и ги пееше песните што ја одбележаа нејзината кариера од почетокот, па се до денес, а публиката цело време пееше со неа.

Инстаграм/ Куманово Спа

Инаку, со балканската ѕвезда бината имаше чест да ја дели некогашниот победник во „Ѕвездите на Пинк“ и финалист во „Ѕвездите на Гранд“, Мите Стоилков. Како што веќе објавивме (види тука), младиот пејач од Струмица настапува со „Џеј трибјуте бенд“, кој неодамна беше претставен во јавноста како голем проект зад кој стои Александар Радуловиќ Фута, сопругот на Марина Туцаковиќ.

Инстаграм/ Мите Стоилков

Токму Марина и Фута беа главните „виновници“ за кариерата на Џеј, а Фута честа да биде пеач во трубјут бендот му ја додели на Мите.

Инстаграм/ Куманово Спа

Инаку, Цеца во изминативе денови е актуелна и со своите нови два спота што ги објави и со кои ги сруши сите рекорди. Станува збор за два дуети, едниот со легендарниот Жељко Јоксимовиќ, а другиот со младиот Војаж – и двата спота веќе имаат милионски прегледи на Јутјуб.

Инстаграм/ Куманово Спа

Инстаграм/ Куманово Спа

Инстаграм/ Куманово Спа

Инстаграм/ Куманово Спа

Инстаграм/ Куманово Спа

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button