Еве со кого ја „фатија“ Анета на свадбената веселба – фолкерката кога се појави, сите гледаа во неа
Кожната мини сукња на Анета со која ги воодушеви сите
Еве зошто сите гледаа во Анета
Пејачката Анета Љумаковска привлече внимание со своето последно издание со кое се појави на еден настан.
Како нашата фолк-дива изгледаше можевме да видиме и на социјалните мрежи каде таа сподели неколку фотографии.
Имено, Анета се фотографираше со една од најголемите Гранд ѕвезди во регионот, а во преден план беше нејзината на прв поглед едноставна, но поприлично ефективна комбинација со која ги воодушеви сите.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Таа позираше покрај Дарко Филиповиќ, а за оваа пригода носеше кусо кожено здолниште со розова блуска без ракави.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Пејачката целото издание го заокружи со својата шик фризура и розов кармин, а преку блуската носеше црно сако.
Кожните здолништа претставуваат моден класик откако Ив Сен Лорен им го откри скриениот потенцијал и од светот на гранџ и панк модата со својата генијалност ги внесе во светот на високата мода.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Тие денес се неизоставен ден од речиси секоја колекција, а главна предност им е што со нив лесно се постигнува елегантен изглед.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Тоа очигледно го знае и Анета која со ова свое смело издание уште еднаш покажа дека знае да ги избере вистинските парчиња за себе.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Во продолжение погледнете уште едно нејзино издание со овој тренд што го обожаваат многу дами.