Еве со каков подарок го изненади сопругата познатиот пејач – СИЉАНОСКИ се пофали што доби за својот роденден
Македонскиот пејач славеше роденден, па го покажа луксузниот подарок што го доби од сопругата.
Спасен Силјановски е еден од најдобрите машки вокали во земјава.
Важи за голем професионалец и токму затоа е и еден од најбараните како во земјава, така и во дијаспората.
Спасен е голем париот и секогаш на своите настапи пее само македонска песни, а најмногу ги сака старите традиционални песни.
Активен е и на социјалните мрежи, каде често знае и да упати критики до своите колеги, па можеби токму затоа публиката има впечаток дека е дрзок и бесчувствителен.
Меѓутоа, тој со своите емотивни изведби на песните кои ги пее ги руши сите предрасуди за него.
Негово најголемо богатство и успех во животот е неговото семејство.
Тие му се секогаш на прво место, а често знае и да објави емотивни статуси посветени на неговите деца и сопругата.
„Среќата е релативна работа, некој ја доживува материјално некој духовно. За мене среќата е моето семејство. Пораснат сум во традиционално семејство кое ги почитува традиционалните културни вредности. Среќен сум кога одам дома и кога има кој да ме пречека и испрати. Среќен сум кога ќе ме разбудат во 7 сабајле моите дечиња.
Тоа е чувство кое не можам да го заменам со никакво материјално богатство.
Имам прекрасна сопруга и две дечиња. Пет години и 7 години, момче и девојче.Фала му на Бога живееме во една прекрасна хармонија, ниеден брак не е совршен, имаме полемики и недоразбирања, но секогаш завршуваат со прекрасен крај, прегратка и бакнеж“, откри Спасен во „Магазин“.
Она што сите го гледаме е тоа дека тој е голем вљубеник во спортот, а тоа се одразува и на неговиот физички изглед. Љубител е и на мотори, па често со својот мотор знае да отиде и на интересни места во природа и таму да си ги наполни батериите.
Поради сообрќајната несреќа која ја доживеал повеќе не може да се занимава со екстремни спортови, но љубовта кон моторите останала.
На 29 јануари Спасен наполни 38 години. Чесики за роденденот доби од многу свои роднини, пријатели, колеги и следбеници.
На социјалните мрежи сподели и фотографија од подарокот кој го добил од сопругата.
Неговата Ана одлучила ова година да го почести со нов мотор.
„Нова сезона нова играчка. Поклон од сопругата за роденден“, напиша Спасен во опис на фоографиите.
Тој не пропушти ниту да се заблагодараи на убавите честитки кои ги доби од сите.
„Драги пријатели беспрекорно сум ви благодарен за вашето внимание и вашите честитки за мојот роденден…. Денес конечно сватив колку сум богат. Богат сум поради тоа што ве имам сите вас, богат сум поради тоа што цел ден ги читам вашите буквално илјадници пораки. Ќе ми простите што неможам да ви одговорам на сите поединечно но верувајте ги прочитав сите до една. Уште еднаш огромно благодарам.
Торта ќе си дадам да знаете
Ве сакам сите бесконечно“, напиша пејачот на Фејсбук.
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски