Реклама
Наши ѕвезди

Еве од кој Лидија Вукичевиќ ја наследи својата безвременска убавина – погледнете како изгледа нејзината мајка (фото)

Реклама

Беше позната како една од најпосакуваните жени на целиот простор во поранешна Југославија

Фото: Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ

Познатата актерка Лидија Вукичевиќ и денес кога храбро чекори кон седмата деценија од животот, важи за симбол на женственоста. Таа е мошне активна на социјалните мрежи, а од фотографиите што редовно ги објавува можеме да видиме дека и на 57 години изгледа речиси подеднакво привлечно како и во нејзините најдобри години.

Фото: Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ

И тоа е за секоја пофалба.

Маркетинг

Но она со што познатата актерка деновиве ги изненади своите фанови е една фотографија од нејзината мајка.

„Мајка… и времето кога како мала сакав да ги носам сите нејзини фустани и високи потпетици“, напиша Лидија под црно-белата фотографија што ја објави на нејзиниот профил на социјалните мрежи.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ

Од фотографијата можеме да видиме дека и нејзината мајка зрачи со убавина впрочем како и самата Лидија.

Модата во „Подобар живот“

Популарната серија „Подобар живот“ на многумина им го одбележаа овој период од животот, а некои од трендовите што ги „фураа“ актерките во серијата и ден денес се актуелни. Па така во неа можевме да ги видиме познатите актерки како носат карирани дезени, карнери, нагласени раменици, раскошни будни и елегантни дамски фустани кои беа во тренд при крајот на 80-тите кога се снимаше серијата, а од кои поголемиот дел се во мода и денес.

Еве некои од нив:

Карирани дезени

Шешири

Подигнати раменици

Карнери

Големи обетки

Риги

Баретки

Поврзано

Back to top button